Дома / Вицови (страна 436)

Вицови

Женски муабети

Седат две жени на тераса и гледаат како доаѓа мажот на едната со цвеќе во раце. Едната вика:
– Ова значи дека цел викенд ќе бидам расчепатена со нозете во вис.
– А, не ти е полесно да ги ставиш во вазна?

Книги за самоубиство

Влегува дечко во библиотека и прашува:
– Се извинувам, дали имате книги за самоубиство?
– Да, онаму, третата полица од горе.
Оди дечково и бара, ама не наоѓа, па се враќа назад:
– Ама, таму нема ни една книга.
– Е, па тие книги кога ќе ги земат обично не ги враќаат.

Селанец

Фатил некој селанец златна рипка и оваа му рекла :
– Добар селанецу, пушти ме и ќе ти исполнам три желби.
– На кого бе ти селанец – рекол овој и ја задавил.

Шахисти

Играат двајца шах. Размислуваат 3, 4, 5 часа.
– Ајде бе мрдај потез!
– Шо бе јас сум на ред?

Проверка

Вулканизер се оженил со некоја девојка и ја однел дома. Само што влегле ја напунил кадата со вода, ја грабнал жена си и почнал да ја потопува и да вика:
– Ај сега да провериме дали си стварно невина. Едно меурче да видам, тешко тебе ќе биде!

Иде рација

Шетаат две краставички по улица, едната здогледува тегла и вика:
– Бегај побрзо, иде рација!

Кинез

Се враќа Кинез од Македонија дома целиот збумбарен, а комшијата го прашува:
– Што е ова бе, кој те тепаше?
– Абе едни Македонци ме начекаа.
– А, колку ги има?
– Па што знам, околу 2 милиони.
– Собирај ги другарите од маало, па да и одиме!

Јуда

Закаснил Исус на тајната вечера, гледа журка ненормална, голи жени играат по маси…
– А бе, што е работава?
– Јуда направил добар бизнис, па части.

Перо вентилаторот

Пред умирање мажот очајно ја моли жена си.
-Кажи ми колку пати си ме изневерила со друг.
-Ниеднаш мажу!
-Биди искрена,ќе се превртувам во гроб,ако ме лажеш.
-Ама стварно ти викам!
Умрел мажот,а по некое време умрела и жената!
Некаде во рајот:
-А бе да не сте го виделе некаде мажот ми Перо,црн,висок,убав..
-Ааааа,па вие го барате Перо вентилаторот!!!

На дело

Се враќа Трпе од службен пат, и за да провери дали се швалерисувала Трпана, го отворил прозорецот и почнал да и вика на комшиката.
– Стојанкеее мори ороспијоо една невиденааа!!
Стојанка на тоа одговара:
– Како не ти е срам, погледни си ја жената за недела дена цел комшилук и се изнареди!

Ништо не е невозможно

Учителот им вели на учениците:
– Деца, знаете дека ништо не е невозможно. Се може да се направи ако се сака.
Игорче: Добро учителе, ајде тогаш да ве видам истискајте ја целата паста за заби од тубата, па вратете ја назад.