Дома / Вицови (страна 442)

Вицови

Папање

Дракула со синот шетаат во парк на полноќ.
– Тато , да ја папаме онаа!
– Не сине, премногу е сува!
– Тато, а да ја папаме онаа!
– Не бе сине, глеј колку е дебела, ќе добиеме холестерол.
– А онаа – некоја бомба од женска.
– Е таа сине ќе ја носиме дома, а мама ќе ја папаме!

Температура

Разговараат две кокошки:
– Сигурно имам температура.
– Од каде знаеш?
– Па, снесувам само варени јајца.

Би ти кажала, ама…

Цветко бил пред умирање. На постелата, сакајќи мирно да оди на оној свет,  ја прашува жена си:
– Жено, дали ти некогаш си спиела со некој друг?
– Абе, би ти кажала, но што ако не умреш.

Аналгин

Може ли плавуша да не забремени ако користи аналгин?
– Може, ако го држи меѓу нозе и пази да не и падне.

Некој не следи

Се шетале две зрна песок низ пустина и едното му рекло на другото:
– Не се врти, мислам дека некој не следи.

Kутра крава

– Зошто кравата гледа тажно?
– Па и ти ќе гледаш тажно да те влечат за цицки секој ден, а да те сексаат еднаш годишно.

Штрумфовски

Штрумфета останала бремена. Веле-штрумф ги собрал сите Штрумфови и ги прашал:
-Кој и го штрумфна на Штрумфета безштрумфно гумче?
Штрумфот што мрази рекол:
-Мразам штрумфни гумчиња.

Сандаци

Умрел човек и некој од фамилија оди во продавница да купи сандак. Влегува и го прашува продавачот:
– Колку е овој сандак?
– 1500 марки.
– А овој?
– 1000 марки.
– Добро бе, немате ли нешто поефтино.
– Еве, овој овде е само 500 марки.
– Многу бе човек, дај нешто поефтино.
Продавачот веќе видно изнервиран:
– А здрвен ли е мртовецот?
– Да, целиот е здрвен.
– Е, па донеси го овде, за 50 марки ќе му зашрафиме рачки.

Коњи

Си биле два коња на ливада:
– Уф, што е добра тревава.
– Да, бе… ај смотај ми уште една.

Глуп си

Жената му се дере на мажот:
– А, бе, мажу, колку си глуп, поглуп не можеш да бидеш! Ууууф, колку ме нервираш… Да имаше натпревар во глупост, второ место ќе освоеше!!!
– Зошто па сега второ место?
– Па, затоа што си глуп!

Пак се разбуди

Оди Цветко на доктор и вика.
– Дајте ми од тие апчињата за спиење што пред два дена и ги дадов на жена ми.
– Зошто?
– Пак се разбуди!