Жената кренала температура и мажот ја однел на доктор. Бидејќи премногу се задржала внатре кај докторот, мажот не издржал, ја отворил вратата и го фатил докторот како ја „работи“ жена му од позади.
– Што правиш бе?
– Па… ѝ мерам температура! – Промрморел докторот.
Мажот бркнал во џебот, извадил пиштол, го насочил кон докторот и налутено рекол:
– Вади го полека и моли се на него да има бројки…
Крава
Време
Верност
Пред венчавка во црква момчето скришно му дава на попот 100 евра и му вели:
– Попе, сакам да го испуштиш делот: ‘Се колниш ли дека ќе и бидеш верен до гроб?!’
Почнува церемонијата и попот:
– Се колниш ли дека ќе и бидеш верен до гроб?
Момчето низ заби рекло “Да”, но после луто го прашува попот:
– А бе, нели пари ти дадов?
– Е, да, ама таа ми даде nовеќе.
Избор
Донација
Младиот комшија ја среќава комшивката во лифтот.
– Каде ќе одиш, Трпано? – Прашува комшијата.
– Одам да давам крв.
– Колку се плаќа за давање на крв?
– Па 20 евра.
– Леле, малку! Јас, пак, одам да донирам сперма и банката ми плаќа 50 евра.
Трпана стегнува усни и луто тргнува напред. Наредниот ден, пак се среќаваат во лифтот.
– Пак ли крв ќе даваш, Трпана?
– М-мм…, одговара таа со полна уста!
Возбуда
За време на лекција во петто одделение, наставникот ги прашува учениците:
– Деца, што е тоа што најмногу го возбудува човекот?
Од првиот ред крева рака Трпе:
– Ништо не може повеќе да возбуди човек од глетката на гола жена!
– Трпе, марш надвор од час и да му кажеш на татко ти утре да дојде во училиштето!
Следниот ден, наставникот влегува во петто одделение и гледа дека Трпе се крие во последната клупа.
– Трпе, стани! Мислиш нема да те видам ако се преместиш од првата во последната клупа? Зошто не му кажа на татко ти да дојде?
– Му кажав наставнику, и тој ми рече дека ако вас не ви возбудува глетката на гола жена, тоа значи сте геј и дека за мене е подобро да седам подалеку од вас!
Пари
Пилинг
Готвач
Контрола
Бродче
Еден кумановец долго време штедел пари и конечно решил да оди на одмор во Палестина. Еден ден го водат на едно езеро. Во езерото плови мало бротче што ги вози туристите од едниот брег до другиот. Решил човекот да се прошета и прашал за цената.
– Колку кошта едно возење со бротчето?
– 50 долари.
– 50 долари за вакво возење и толку кратка релација? Вие луди ли сте, бе?!
– Ама господине, зарем не сте ја читале Библијата? Тука во ова езеро, Христос одел по водата…
– Па со вакви цени, скроз го разбирам човекот!
СМС
Директорот излегува од работа и оди во викендицата со секретарката. Коњак. Бонбони… Заеднички туш… Жестоко…
Вечерта се враќа дома, уморен поглед, бакнеж и молба кон сопругата:
– Те молам постави ја вечерата, денес се уморив како куче.
Жената оди во кујната и му поставува кременадли, му отвара пиво и на крај му дава десерт.
Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
– Цел ден го чекам овој момент и одвај дочекав да си дојдеш и наеднаш – СМС.
– Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот.
Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
– „Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам. Таква сласт и задоволство. Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли – „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“ и излегува од тоалетот а жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:
– Зошто го зеде мојот телефон?!