Дома / Вицови (страна 451)

Вицови

Совет

– Што да направиш ако плавуша фрли бомба кон тебе?
– Извади го осигурачот и фрли и ја назад.

Потрефување

На некој дечко во кино, сред филм му се припрдело. Го фатил срам па го размрдал столот да крцка… демек од него било. На тоа човекот позади искоментирал:
– Дечко, го потрефи по звук, али не и по мирис.

Летен распуст

Учителката го прашува Мали Џокица како си поминал за летниот распуст.
Џокица одговара:
– Прво, јас не сум Џокица, јас сум Џорџ.
– Како второ, за распустот бев во Америка и супер си поминав. Цело време се качував на веранда, па се симнував од веранда, па јадев, па пак се качував на веранда, па се симнував, па спиев, па пак се качував на веранда и така цело време.
– Добро, седи. Ајде ти Верице кажи ни како си помина.
Верица одговара:
– Прво, јас не сум Верица, јас сум Веранда.

Спротивен правец

Трпе се вози по автопат, кога заѕвонува неговиот мобилниот телефон. Се јавува Трпана и целата вознемирена му вели:
– Штотуку слушнав на вести дека некоја кола вози во спротивен правец на автопатот Е75. Те молам внимавај!
– Една кола??? По ѓаволите, ги има стотици!

Нарачавте будење

Човек кој престојува во хотел во Црна Гора порачал будење во 7,30.
Сабајле ѕвони телефонот и слуша:
– Ало, господине. Вие ли порачавте будење во седум и пол.
– Да.
– Па станувајте, што чекате. Единаесет и пол е веќе.

Чуда

Се враќа Трпе дома од службен пат и ја затекнува Трпана со маж во креветот:
– Трпано мори, што прави човеков во мојот кревет?!
– Чуда, мажу. Чуда прави!

Швајцување

Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
– Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
– Е како нема да и се отечени, вчера два саата ме гледаше како швајсувам!

Комплимент

Две Ромки кои не се виделе долго време се среќаваат во 19 приватна и едната и вика на другата:
– Леле мори, што си убава денеска!
– Е, фала на елементот.
– Мори што си проста, не се вика елемент, се вика компликација!

Види ја фацата

Трпе и Трпана биле разведени.
Трпе: Ќерко! Денес ти е 18 роденден. Еве ти ја последната алиментација, однеси и ја на мајка ти, и види каква фаца ќе направи, па дојди кажи ми.
Ќерката: Мамо, еве ти ги последните пари од алиментација, и треба да видам каква фаца ќе направиш, па да му кажам на тато.
Трпана: Епа, кажи му дека он уствари и не ти е прав татко, види му ја фацата, па дојди кажи ми!

Анонимно писмо

Трпе и вели на сосетката:
– Митро мори, вчера добив анонимно писмо, некој напишал дека јас сум бил магаре, жена ми – овца, а син ми – свиња.
– Баш ми е жал Трпе, сигурно е некој што многу добро ве познава!

Преврска

Докторот излегува од канцеларија.
– Ајде кој е Трпе нека влезе на преврска!!
– Еее, Трпе си отиде, му зарасна раната.