Дома / Вицови (страна 452)

Вицови

Чудна работа

– Докторе со мажот ми се случува нешто страшно. Кога ќе го испие кафето ја јаде шолјата.
– А целата ја јаде?
– Не ја фрла дршката.
– Тууу, највкусното!

Печење

Во ординација чекаат многу луѓе меѓу кои и Трпе. Излегол докторот и им рекол дека за денес е доста и да дојдат утре. А Трпе:
– Докторе а јас што ќе правам со печењето!
– Добро ај ти влези, другите одете си.
– А бе докторе што да ти кажам, многу ме пече кога мочам!

Молзење

Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото. Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се ритнала со другата нога пак ја превртела кантата. Мујо, сега лут, и ја врзал и другата нога и пак почнал да ја молзе. Само што седнал, кравата почнала да го удира со опашката по лицето. Мујо и ја врзал опашката за гредата над неа. Додека го врзувал јазелот, му пукнал ременот и панталоните му паднале. Во тој момент наишол Хасо и повикал:
– Ау, Мујоо!!! Ама, што правиш бе !
– Ја молзам кравата! Што да ти кажам друго, нема да ми веруваш!

Комарец

Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?
– Веројатно комарец!
– Ама не било каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!

Шешир

Трпана го прашува Трпе:
– Миличок,како ми стои новиов шешир?
– Прекрасно, мила, ти го покрива целото лице!

Виагра

Влегува некој дедо во аптека и бара четврт апче вијагра.
– Добро бе стари, знам дека пензијата ти е мала, ама за твои години ти требаат барем 2 апчиња.
– А бре сестро, ми треба толку, колку да не си ги мочам кондурите.

Ловџии

Двајца ловџии се во шума и едниот колабирал. На другиот му изгледало како да не диши, а очите му биле зјапнати, затоа преку мобилен испаничено повикува прва помош:
– Ало, мојот пријател е мртов! Што да правам?
Операторот од другата страна со смирен глас му вели:
– Не паничете, најпрвин мора да се увериме дека навистина е мртов…
Од другата страна се слуша истрел, а човекот вели:
– Добро, мртов е, што сега?

Фројдовска грешка

Оди Трпе на лекар и вели:
– Докторе синоќа направив фројдовска грешка. Вечерав со тештата и сакав да и кажам: "Подај ми го путерот те молам!", а и реков: "Краво глупава, ми го упропасти животот!".

Исповед

Исповед на едно детенце:
– Сакам да умрам спокојно во сон како дедо ми, а не врискајќи од страв како патниците во неговиот автобус.

Феномен

Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
– Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело. Зашто ти си единствениот белец во радиус од 200 км, кажи ми искраено, шо си праел со жена ми?
– Не е тоа што мислиш! – рекол доктор Џоунс. Понекогаш се случуваат природни феномени што науката не може да ги објасни. Ги гледаш козите онде? Сите се бели само една е црна. Само Бог знае како се случило тоа.
– Добро, добро. Ве разбирам докторе, нема на никого да кажам за детево, ама ти да не кажуваш никого за козата, важи?

Кој е поцрн?

Се карале три црнчиња чиј татко е поцрн:
– Татко ми кога ќе се исече, црна крв му тече!
– А татко ми кога ќе се исече, црна коска му се гледа!
– А татко ми кога ќе прдне дома, три дена сме во темница.