Vicoteka.mk
29/09/2006
Разно
1,631
Одат двајца пијаници по пруга.
– А бре скаливе многу високи!?
– Не се секирај, ене го лифтот доаѓа.
Vicoteka.mk
29/09/2006
Си биле...
4,177
Си биле тројца мажи, и зборувале за тоа чија жена има поголем задник.
– Мојава, кога ќе седне на шоља, не може да ја видиш шољата.
– Не е тоа ништо, вели вториот, мојата не може да помине низ врата од големиот задник, мора низ прозорец да влегува.
А третиот вика:
-А мојана има плави очи.
Е што има тоа врска со голем задник?
– Е па се друго е задник.
Vicoteka.mk
29/09/2006
Личности
2,232
Трпе ја носи жена му на доктор.
– Трпе ви честитам , ќе станете татко.
– Ама како, јас внимавав, многу внимавав.
– Е па Трпе, тоа ти е исто како во сообраќајот, ти ќе внимаваш ама друг ќе налета.
Vicoteka.mk
29/09/2006
Разно
1,180
Влегува човек во такси и го прашува возачот:
-Може да пушам?
-Може, ако не ти смета воланот.
Vicoteka.mk
29/09/2006
Лудница
5,505
Се јавува директорот на лудница во полициска станица и бара помош за фаќање на пациентот кој избегал тој ден.
– Висок е метар и педесет, многу е слаб и тежок околу двеста килограми…
– Тоа не е можно, човек од метар и педесет, слаб, а тежок двеста килограми?!
– Па нели ви реков дека е луд!
Vicoteka.mk
29/09/2006
Личности
1,277
Тргнал Цветко да купи музички инструменти за новоформираната група. Влегол во продавница и никако да одлучи што да купи, па на крајот му рекол на продавачот:
– Дај ми ги ти мене онаа црвена труба и таа таму бела хармоника.
На тоа продавачот му одговорил:
– Апаратот за гасење пожар и може да ти го продадам, а радијаторт мора да остане таму каде што е.
Vicoteka.mk
29/09/2006
Лудница
1,179
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
– Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на нозе, единствено јас скокам на глава, а директорот на лудницата ни рече, ако бидеме добри, ќе го наполни базенот со вода…
Vicoteka.mk
29/09/2006
Разно
3,950
Се собрале сите човечки органи да решат кој е најважен.
Мозокот прв се јавил.
– Јас сум најважен, без мене ништо нема да функционира како треба.
Се јавил стомакот:
– Е исто е и кај мене, јас ако не функционирам ништо нема да функционира.
Се јавило срцето:
Повеќе…
Vicoteka.mk
26/09/2006
Политички
1,417
Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Св.Петар:
– А бе, што оволку часовници?
– Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја.
– А Македонија не ја гледам?
– Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор!
Vicoteka.mk
26/09/2006
Глупи
857
Го става дедото внукот во скут, а внучко вика:
– Дедо, ај не биди педер!
Vicoteka.mk
26/09/2006
Сличности/Разлики
727
– Што е разликата меѓу Черчил и Сталин?
– Черчил ги собирал вицовите што луѓето ги кажувале за него, а Сталин ги собирал луѓето што кажувале вицови за него.
Vicoteka.mk
26/09/2006
Личности
1,080
Трпана се породила со двојка и лежи на породилно. Доаѓа Трпе, ги гледа децата, па оди да ја провери Трпана. Таа го прашува:
– Е, Трпе, ги виде бебињата? Кажи колку се убави!
– Убави се како не. Избра кое ќе го земеме?
Vicoteka.mk
26/09/2006
Образованиe
2,747
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
– Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување…
– Пааа отприлика голтка, голтка ипол!!
Vicoteka.mk
26/09/2006
Си биле...
1,249
Си биле три жени и отишле на пазар.
Дошле до тезгата со краставици и…
– Мене дајте ми прави и дебели!
– А за мене исто дебели, може и малку искривени.
– А за мене било какви, за салата ми се!- рекла третата.