Дома / Вицови (страна 46)

Вицови

Лек

– Не ми е добро, мислам дека имам температура…
– Идам сега, што да ти купам?
– Штикли…

Жени

– Честитки, операцијата мина успешно! Веќе сте жена!
– Ама докторе, вие требаше само да ми го извадите слепото црево!
– Значи на Вас, жените, никако не ви се погодува!

Книга

После секс, дечкото ја прашува девојката:
– Знаеш ли кој ја напишал “Кама Сутра”
А девојката зајадливо му враќа:
– Не знам, ама знам кој не ја прочитал…

Мирис

Трпе дома залегнат, гледа фудбал и се испрдел квалитетно.
Во тој момент ѕвони ѕвончето, и Трпе брзо испрскал со освежувач на просторот со мирис на борова шума.
Влегува Цветко и уште од вратата вика:
– Трпе кај тебе мириса, како некој да се испосрал у борова шума!

Комшии

Се јавува Цветко во утринска емисија:
– Ало, во програма сум?
– Да!
– Мене ми е супер у државава, живеам во една соба со: џандар, доктор, политичар и келнер, ко една личност сме.
– Каде?
– Во Бардовци!

Изложба

Цветко и приоѓа на непозната жена:
– Здраво! Ќе одиме кај тебе или кај мене?
– Господине, за каква ме сметате вие мене, од каде ви е идејата дека се согласувам?
– Госпоѓо, да бидеме реални: Која друга 35-годишна жена ќе дојде на изложба на карбуратори.

Кока кола

Се возат прилепчани во воз. Жешко времето, па ожеднале. Имало ресторант услуга, па решиле да нарачаат за пиење:
– Келнер, дај по едно пепси, ожеднавме ебаго!
– Пепси нема, само кока кола ако сакате – вели келнерот.
Се чудат прилепчани што ќе да е тоа кока кола, ама ај, нејсе… пуста жед не се трпи, па се сложиле. Еден од нив вика:
– Чекајте брајча, да видиме шо е ова чудо. Прво јас че пробам, че се напијам, па ако чини, че пијате и вие. Да не умриме сите наеднаш ебаго!
Се сложиле прилепчани и човекот го крева шишето да пие, арно ама во моментот возот влегол в тунел.
– Пфффф…(плука) Не пијте брајча очорееев!

Ветувања

Влегува геј во кавич, оди на шанк и со нежен феминизиран тон му вика на шанкерот:
– Ќе може ли една кока-кола, грч ладна….
На шанкот имало неколку шофери, и еден од нив дрско му враќа:
– Уште еднаш ако прозбориш на тој тон, ќе ти ја начукам кока-колата во г’з!
А дечкото му одговара:
– Ахх, тие пусти обеќања…

Грешка

Трпана му кажува на Трпе дека е трудна, а он шокиран ја прашува:
– Ама, како е тоа можно? Секогаш пазам и користам заштита! Како може да ми се случи ваква грешка?
А Трпана го теши:
– Ама Трпе, јас не кажав дека тоа е твоја грешка!

Мое сонце

Трпе и вика на Трпана:
– Ти си моето сонце!
– Навистина?
– Па да, не можам со очи да те гледам!

Желби

Трите желби на еден маж:
– Да биде толку убав, колку што мисли мајка му.
– Да биде толку богат, колку што мислат неговите деца.
– Да има толку жени, колку што неговата жена се сомнева!