Сурова вистина:
Изјава на пензионер:
– Точно е дека јас не знам што е тоа интернет, ама ни вие еден ден нема да знаете што е тоа пензија.
Венец
Неписменост
Фоторепортер
Еден фоторепортер добил задача да го сними шумскиот пожар кој беснеел на блиската планина. Бидејќи сакал да направи добри фотки, тој тргнал кон аеродромот, таму видел мало авионче, се втурнал во него и му рекол на пилотот:
– Бргу, летај над пожарот.
Пилотот се зачудил, но послушал. Кога биле точно над местото каде што бил пожарот бил најразгорен, пилотот прашал:
– А нели е тука малку опасно?
– Опасност е моето второ име. Јас сум најдобриот и најавантуристичкиот фоторепортер на светот.
– Чекајте, чекајте… Сакате да кажете дека вие не сте новиот инструктор по летање?!
Недела
Трпе многу често каснел на работа. Шефот му се заканил дека ќе го избрка од работа ако закасни уште еднаш.
Си купил Трпе будилник и едно време ставувал на време, ама една ден станал во 7:45, а на работа требело да биде во 7:30.
Исплашен иде кај комшијата кој бил заболекар и му вика:
– Комши, ај те молам брзо извади ми два заба, и намачкај ме на лицето со крв како да сум имал некаков инцидент.
Откако завршил, докторот му вика:
– Готово комши, 2000 денара.
– Зошто бе комши, нели е 500 денари од заб?
– Да, ама денеска е недела!
Опис
К-15
Анкета
Бродолом
Четворица мажи на различна возраст после бродолом падне на пуст остров. Откако го обиколиле островот, виделе дека во непосредна близина има друг остров, кој бил населен само од голи жени.
20-годишниот:
– Да пливаме до таму! – и се фрлил во водата.
30-годишниот:
– Може да има ајкули… Да направиме сплав!
40-годишниот:
– Како па да не! Ќе сме пливале… Тие нека дојдат!
60-годишниот:
– Што ќе пливаме натаму-наваму, кога и одовде сè гледа добро…
Латински
Мотел
Возење
Час
Професор на својот час истакнува неколку статистички податоци:
– Според најновите статистики 47% од жените, сакаат секојдневен секс, дури 70% го обожаваат оралниот секс, околу 40% ги изневеруваат своите мажи, 80% имаат по најмалку 2-3 омилени пози…
На ова студент од последните клупи довикува:
– Што ќе ни се овие статистики?? Имиња, адреси, телефони ни требаат!