Дома / Вицови (страна 53)

Вицови

Шега

Судијата прашува:
– 3ошто му го помодревте лицето на маж ви?
– Како да не го удрам господине судија. Само што излегов на кафе со другарките, тој ми ѕвони да дојдам бргу дома. Дојдов дома, а тој почна да ме гушка, да си игра со мојата коса и да ми го бакнува вратот. Ме расоблече, легнавме во спалната, ги раширив нозете, а тој почна “Априлилилиии…”

Локум

Се возат во воз Влав и Црнец. Црнецот извадил ананаси и портокали да јаде, Влавот го гледа и го прашува:
– Што ти е тоа?
– Јужно овошје. Сакаш да пробаш?
Му изел Влавот два ананаса и три портокали
По некое време тој вади локум и Црнецот му вика:
– Што ти е тоа?
– Локум.
– Дај да пробам.
– Што ќе пробаш, локум ко локум.

Резерви

Се враќа маж дома и почнува да бара љубовник насекаде низ куќата. За тоа време љубовникот скроз гол се скрил во замрзнувачот, мислејќи дека таму нема да го открие.
– Кажувај каде си го скрила, зошто ќе ве убијам и двајцата!
– Ама не сум го скрила, не знам за што зборуваш…
Пребарал насекаде мажот и конечно стигнал до замрзнувачот. Го отворил капакот и го гледа оној внатре модар од студ и страв. Се врти кон својата жена и и вели:
-ААААА МАМЕТО ТВОЕ НЕНАСИТНО. УШТЕ И РЕЗЕРВИ КРИЕШ А?

Незадоволена

Трпе оди на доктор цел избезумен и му вели:
– Докторе, не можам да ја задоволам жена си. Таа сака по десет пати на ден…
– Штооо?!
– Пари, докторе, пари!

Исправање

Отишла плавуша со исчукана кола во сервис за пеглање. Сервисерот решил да се позафркава малку па и рекол:
– Не и треба пеглање на колава. Само дувај во ауспухот и сама ќе се исправи.
Се вратила дома плавушата и почнала да дува во ауспуфот ама ништо не се случило со колата. Додека оваа дувала поминала некоја друга правуша и ја прашала:
– Што правиш ма?
Објаснувала оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
– Па како ќе ти се исправат дупките на колата кога прозорците си ги оставила отворени!

Шега

Зборуваат две плавуши:
– Сакаш да ти кажам еден виц од кој се смалуваат градите?
– Ауу не! Гледам дека некој ти го има кажано тебе…

Женачка

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, абе зошто се ожени ти со мама?
– Слушаш ли жено! И на детево не му е јасно!

Овци

Трпе отишол на службен пат, па и се јавува на Трпана да и каже како си поминува:
– Секоја ноќ те мислам.
– Аии што така?
– Бројам овци пред спиење.

Стареење

Маж се враќа од службено патување.
Под креветот нема никој, ни во гардероберот, ни во бањата.
Оди кај жена му и ја погалува со зборовите:
– Старееш, мила!

Резервни делови

Трпе бил на пазар во Скопје и случајно влегол во еден сексшоп, долго разгледувал и конечно си бендисал една кукла на надувување. Добил инструкции од продавачот како да ја користи, се вратил во селото и ѝ се пофалил на жена си:
– Гледај Трпано, што си купив од Скопје?
– Што е ова бе, Трпе?
– Невеста на надувување! Кога си ми лута ќе спијам со неа!
Трпана почнало да ја фаќа малку љубомора, па го прашала:
– А немаше ли таму во продавницата и мажи на надувување?
– Не, жено! За мажите имаше само резервни делови.

Тајна

Му прават интевју на некој сточар во планинско село кој имал 100 години:
– Кажете ни, која е вашата тајна за долг живот?
– Епа прво, работам на планина на чист воздух и тоа ме прави здрав и како второ веќе 100 години јас им кажувам на говедата што да прават, а не тие мене.

Замор

Трпе и Трпана имале секс долго време. Трпе целиот задишан и испотен подзапрел малку, а Трпана му вели:
– Ах мил мој, многу се измори… Камо да имаше сега некој да те замени.

Совет

Две комшивки си зборуваат:
– Не можам да си најдам партнер во животот, Цвето, и тоа е тоа!
– Како не можеш! Слушај ме што ќе ти кажам од искуство. Тоа е како да патуваш со градски автобус – го чекаш твојот број, а кога ќе ти дојде преку глава од чекање се качуваш на тоа што ќе дојде!
– Е како така, а после што ќе правам?
– Па, претовар… Ќе се симнеш од еден, ќе се качиш на друг. Што му се мислиш толку!