Трпана и се доверува на Цвета:
– Знаеш што дознав вчера!
– Што?!
– Дека машките тестиси на црниот пазар вредат 4 милиони евра!
– И?
– Вечерта го гледам маж ми како спие и ова мисла не ми дава мир!
Технологија
Нова кола
Заем
Трпе му вели на Цветко:
– Цветко, дај ми 100 евра на заем, многу ми требаат.
– Добро, ќе ти дадам. Ама прати ја жена ти вечерва да спие кај мене.
Трпе не сакал да ја прати Трпана, ама многу му требале парите, па и рекол на Трпана:
– Вечерва да одиш кај Цветко и добро да се претставиш зошто вети дека ќе ми даде 100 евра.
Оди Трпана вечерта кај Цветко. Ја поминува ноќта и утрото се враќа дома.
– Што се случи Трпано?! Добро ли се претстави? Ќе даде ли 100 евра?
– Абе, Цветко рече дека и 200 си заслужил да ти даде… ама нeмал!
Кокошки
Острење
Приказни
Кумановска поезија
Бакшиш
Палто
Запознавање
Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.
– Но, ние не знаеме ништо еден за друг – му рекла таа.
– Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.
Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маурициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:
– Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.
Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:
– Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?
– Не – одговорила таа. – Бев курва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено…
Име
Магионичар
Зборуваат две плавуши:
– Муце, мојот маж ќе станува илузионист!
– Зошто мислиш така?
– Се враќам вчера порано од работа, а тој во спалната и ми вика „Гледај сега“ и кога почна: „Абракадабра… Хокус-покус-препаратус…“ тропна на врата на плакарот и од таму излезе Трпана од трети кат во долна облека! Толку беше збунета што дури не можеше да сфати што се случува…