Енена
11/02/2019
Личности
2,402
– 3драво, Јас сум Tpпe. Пијам 30 години. Дојдов, зошто ми кажаа, дека ги решавате проблемите сврзани со алкохолот…
– Кажете, како да ви помогнеме?
– Ми фалат 50 денари за да си купам шише ракија…
Енена
11/02/2019
Разно
989
Германски новчаник:
– Евра, Евра, Евра…
Македонски новчаник:
– Аналгин, Денари, Диазепам…
vicotekamk
11/02/2019
Личности
1,643
Трпе се враќа од работа и прашува:
– Мила, што има за ручек?
– ИКЕА сендвич.
– Што е тоа?
– Сите состојки се во фрижидерот, само состави го!
Енена
07/02/2019
Личности
1,151
Трпана го прашува Трпе:
– Срце, а убава ли сум ти без шминка?
– Госпоѓо која сте Вие?
Енена
06/02/2019
Плавуши
18,832
Две плавуши патуваат во воз и разговараат:
– Ова не е живот, ова е мака!
– Најди си љубовник и земај од него по 500 евра во месецот!
– Од кај да го најдам таков?
– Тогаш најди двајца по 250.
– Тешко е и такви да се најдат.
– Тогаш најди 4 по 125.
Се јавува еден задреман маж од соседната кабина:
– Кога ќе стигнете до 5 евра, разбудете ме!
Енена
06/02/2019
Личности
5,700
Си седи маж во кафана. Влегува еден со трчање и вика:
– Трпе, брзо трчај дома! Ти ја онадат жената!
Мажот брзо скокнува, трча надвор и во тој момент го удира кола.
Освестувајќи се во болницата си мисли:
– Многу нервозен сум станал во последно време. Ниту сум Трпе, ниту сум женет…
Холовиц
05/02/2019
Разно
17,473
Редица пред рајските порти. Свети Петар распределува:
– Женет?
– Да.
– Во рајот.
– Женет?
– Да.
– Во рајот.
– Женет?
– Да, два пати.
– Во пеколот.
– Зошто?
– Рајот е за маченици, а не за идиоти!
Енена
05/02/2019
Разно
1,651
Во осигурителна компанија!
– Кај вас загарантирани ли се осигурувањата? Да нема проблем со исплата на обештетувањата?
– Што зборите?! Минатата недела, на пример, еден наш клиент падна од 14-тиот спрат. Уште не беше стигнат ни до 3-тиот, а жена му веќе си ги зимаше парите…
Енена
05/02/2019
Плавуши
1,591
Плавуша наоѓа под елката едно мало кутивче. Го отвора и внатре гледа прстен и ливче на кое пишува:
„Ќе се омажиш ли за мене?“
– Душо – извикува таа, – стануваj брзо! Дедо Мраз сака да се ожени за менe.
Енена
04/02/2019
Личности
3,129
Трпе му помага на Цветко да ослабе:
– Сакаш да ти покажам еден трик за слабеење?
– Сакам!
– Замижи. Ајде, отвори ги сега очите.
– А бе кај ми е хамбургерот?!
– Е кај ти е де…
Енена
04/02/2019
Прашање - Одговор
851
Мe прашуваат:
— Што е тоа генијалност?
— Комшијата го продаде станот и по половина година се ожени за госпоѓицата која го купи.
vicotekamk
04/02/2019
Глупи
2,320
– Мммм, колку романтично… свеќички… масло…
– Дај ако сакаш не се глупирај и затвори ја хаубата.
Енена
01/02/2019
Личности
8,368
– Мамо, ќе ми направиш ли палачинки?
– Трпе, чекај сега да ти објаснам, тоа што спијам со татко ти не ти дава право да ме викаш мамо!
– Па тогаш како да ти викам?
– Може и на име, чичко Цветко.
Енена
01/02/2019
Еротски
7,591
Трпе имал проблеми со ерекцијата и отишол на доктор. Докторот му вели дека претерал со сексот во последните 20 години и сега му остануваат само 30 ерекции.
Се враќа дома скршен и ја споделува веста со Трпана:
– Ми преостануваат само 30 пати секс во животот!
– Аии! Треба да направиме список и распоред…
– Веќе го направив, ама тебе те нема во списокот…