Маж на каса во продавница:
– Дајте ми едно чоколадо и десет презервативи.
Касиерката:
-За едно чоколадо толку пати нема да ти дадат..
Ружен
Анкета
Што сакаат жените?!
ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ?
Ѝ даваш комплимент – не прифаќа.
Не ѝ даваш – се лути.
Ќе се согласиш – немаш карактер.
Не се согласуваш – не ја разбираш.
Ја бараш – досаден си.
Не ја бараш – не ти е гајле за неа.
Љубоморен си – лош карактер.
Не си љубоморен – не ја сакаш.
Задоцни една минута – Армагедон.
Ја нема цел саат – ништо страшно.
Излегуваш со другарите – и таа доаѓа.
Излегува со другарките – женска вечер.
Ќе погледнеш во друга – ќе ти ги извади очите .
Ја гледаат неа – тоа е комплимент за тебе.
Кога зборува – да ја слушаш.
Кога слушаш – зошто не збоуваш.
И обрнуваш внимание – досаден си.
Не и обрнуваш – како смееш!
Нежен си – сака силен маж.
Груб си – сака нежност.
Ја смируваш кога плаче – остави ме
Ја оставаш – бездушна свиња си.
Се грижиш за неа – доминираш.
Не се грижиш – не ја сакаш.
Ѝ помагаш во кујната – пречиш.
Не помагаш – Балканец.
И кажуваш дека фустанот ја прави дебела – лажеш
Не лажеш – навредуваш
Ја фалиш мајка и – се улизуваш
Не ја фалиш – типична машка свиња
Ја смееш – несериозен кловн си.
Зборуваш со други – ја игнорираш
Зборуваш со неа – ја гњавиш.
Ѝ правиш романтика – ајде побрзо на работа сум утре.
Ѝ бараш директно – шовинистичка свиња си.
Прашуваш кој ресторан – каков маж си ти
Не ја прашуваш – не и ги почитуваш желбите.
И раскажуваш како си помина денес – уф досаден си.
Не и раскажуваш – за ништо не разговараме повеќе.
Ја прашуваш како го поминала денот – сомнителен си.
Не ја прашуваш – ништо не те интересира за неа
Таа нека реши за ручекот – имај мислење барем еднаш
Сакам… – Ова не е ресторант
Ќе изедеш цела чинија – свиња
Ќе оставиш малку – Јасно ми е. Не готвам добро како мајка ти.
Ѝ помагаш во чистењето – пречиш
Не помагаш – да, нека се мачи слугинката
Ја гушкаш – ѝ дишиш во увото
Не ја гушкаш – бесчувствително говедо
Многу работиш – ништо не правиш дома
Помалку работиш – ништо не носиш дома
Се грижиш за автомобилот – го сакаш повеќе од мене
Не се грижиш – и мене така ме „батали“
Царина
Температурата во Битола
Казна
Збунка
Љубов
Сметка
Закон
Камион
Вози Цветко со камионот низ Словенија, и пред Љубљана го застанува полиција, и полицаецот му вика:
– Drug, migalec vam ne dela…..
Излегува Цветко од камионот, се врти на сите страни, зачуден, полицаецот па:
– Drug, pogledajte, migalec vam ne dela….
Цветко врти околу камион, се фаќа за главата, нешто не му е јасно, а полицаецот се запнал:
– Migalec vam ne dela….
А Цветко му вика:
– Абе да ти го наврам жмигавец, шо си запнал! Нели гледаш ми а нема приколицата?!
Амстердам
Кинески турист оди во една од црвените соби во Амстердам и ѝ вели на госпоѓата:
– Плаќам за еден час, ама сакам да свршам 40 пати.
– Па тоа не е можно – се зачудила госпоѓата.
– Можно е ако секој пат си замислувам дека сум со друга. За тоа ќе треба само да излезам од вратата и пак да влезам.
Се сложила госпоѓата за 200 евра да му дозволи на Кинезот да прави што сака, да го види и тоа чудо.
И си почнал тој, влези еднаш – заврши работа, излези. Два пати, три пати, пет, 10 и така до 39. После 39-тиот пат излегол и го нема да се врати. Госпоѓата излегува да види што е работата и гледа надвор Кинезот го нема. Прашува еден случаен минувач:
– Да не видовте случајно еден Кинез?
– Да, да, цел автобус кинески туристи само што тргна од тука…
Порака
Му ѕвони телефонот на Трпе од непознат број:
– Добар ден Трпе, сигурно се прашувате која сум јас.
– Да.
– Јас сум психијатар.
– Повелете, како можам да ви помогнам?
– Ситуацијата за која ви се јавувам е малку незгодна. Јас сум психијатар на вашата бивша. Веќе доста време не дошла на третман, јас сум малку во криза со пари, а за една недела одам на одмор во Грција. Може ли да ве замолам да ѝ испратите една СМС порака дека ви недостасува?!