Трпана отишла на службено патување му пишува порака на Трпе:
„Душо, накратко. Треба да сте во градинка во 8:10-8:15, значи разбуди ја Мила во 7:30-7:35. Облечи и хулахопки, темно-сините, маица од втората фиока, најдолу, виолетова или розева блуза (фиока – втора, најдолу). Се е во плакарот.
Земи го розовиот фустан – закачен е во плакарот во одделот за кошули на малата закачалка, бели чорапчиња, сандалки. Во градинката пресоблечи ја. Пробај да и направиш две репчиња. Шнолките се во најгорната фиока на плакарот, во бела лименка под кутиите од чевлите со слики. Потоа види какво е времето. Или облечи? розово палто, виолетова капа и розов шал, или зеленото, плишените, иста боја капа, без марама, на нозете – новите чевли.
Провери и приготви си го сето тоа уште вечерва. Ако нешто не најдеш, ѕвони и прашувај, не спијам уште.“
Трпе одговара:
– „Решивме да не одиме во градинка“.
Бигамија
Благодарност
Се шета Африканец, мигрант, во Германија. Налетува на еден човек и започнува да му збори:
– Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот зачудено му вика:
– Ама јас не сум Германец, јас сум Македонец.
Африканецот му вика:
– Се извинувам.
Продолжува да шета Африканецот и забележува друг човек и му приоѓа.
– Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот го гледа и му вика:
– Јас не сум Германец, јас сум Турчин.
Африканецот повторно:
– Се извинувам.
Продолжува повторно и здогледува друг човек и започнува пак:
– Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, што ме примивте како бегалец, фала ви за сé.
Човекот му одговара:
– Супер, ама јас не сум Германец, јас сум Арап.
Африканецот збунето го прашува:
– А добро каде се сите Германци?
Арапот погледнува на саат и му враќа:
– Ова време, изгледа на работа.
Трагедија
Осигурување
Логика
Се враќа Трпе накај дома и пред влезо гледа еден човек иде по скалите, се смее од среќа. Трпе си вика:
– Човек или добил на лото или е бил кај некоја жена. Пошто денес е недела – нема лото, логички е да бил кај некоја жена. У нашиов влаз има само две лесни жени. Мојата и Цветанка. Пошто Цветанка е во болница, логично е дека бил кај мојта. А она има двајца швалери. Цветко и Трајче. Логично е дека Трајче е денеска по риби, зошто е рибар. Овој мора да е Цветко.
-Здраво Цветко.
-Здраво… Чекај бе од кај ми го знаеш името?
-Логика бе брат!
Нервоза
Неверство
Крадење
Такси
Администрација
Пијана ноќ
Става Трпе сабајле, мамурен после тешко пијанство и ја гледа Трпана како му го чисти исповратеното палто.
За да се оправда и вика:
– Замисли Трпано, синоќа си седам у кафана и поминуе еден пијан покрај мене и ме исповрати, кага му врзав еден шамар!
– Малку му било шамар Трпе, малку!
– Зошто?
– Оти ти се испосрал и у гаќите.