Дома / Вицови (страна 65)

Вицови

На работа

Полицаец оди на работа гол. Го прашуваат:
– Што се случи, Васко, зошто си гол?
– А да… вчера бев во ноќен клуб…
– И?
– И играв, играв и се беше во ред…
– И?
– И тогаш диџејот ја запира музиката и вели: „Сега ќе го изгаснам светлото 30 секунди и сите мажи да се соблечат!“
– Добро и?
– Диџејот повторно рече: „Сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите девојки да се соблечат!“
– Интересно!
– Ги пали светлата и сите девојки беа голи!
– Супер!
– И тогаш диџејот рече: „сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите мажи на работа!“
– А ти?
– И јас дојдов на работа.

Интервју

– Господине пратеник, ќе дадете ли интервју за нашиот весник?
– Времето ми е пари!
– Ве разбирам, од редакцијата ми дадоа 500 евра за оваа задача. Да се договориме, 350 евра за вас а 150 за мене.
– Може! А која е темата?
– За мито и корупција!

Супер маркет

Зошто полицајци влегуваат во супер маркет со извадени пиштоли?
– Затоа што на вратата пишува акција!

Дедо Мраз

Плавуша наоѓа под елката едно мало кутивче. Го отвора и внатре гледа прстен и ливче на кое пишува:
„Ќе се омажиш ли за мене?“
– Душо – извикува таа, – стануваj брзо! Дедо Мраз сака да се ожени за менe!

Покачување

Секретарката влегува кај шефот и вели:
– Од овој момент платата ќе ми биде 1000 евра и ќе имам 4 слободни денови во неделата…
Шефот со сарказам:
– А кој ти го рече тоа мила?
– Мојот гинеколог, а адвокатот ми потврди!

Муабет

Трпе и Трпана во кревет. Трпе прашува:
– Дали си за секс?
– Не можам, уморна сум…
– Ќути и спиј… нели гледаш дека зборувам на телефон.

Операција

– Докторе, на сопругот му е толку голем што кога имаме секс, ме боли црниот џигер.
– Донеси го тука и ќе му го смалиме малку, со лесна операција.
– А нели е подобро да ми го поместите малку црниот џигер на страна?

Влашки студ

– Што прават Власите кога им е ладно?
– Седат околу свеќа.
– А кога им е многу ладно?
– Ја палат свеќата.

Скопјанци

Во Скопје правеле анкета:
“Зошто ви сметаат луѓето од другите градови?“, 68,9 % одговориле:
– А на кого му сметаме.

Без “в”

Плавуша оди во болница и прашува -Се извинувам, вие сте Др.Јовче Петковски?
-Да, само без “в”
-Јоче?!

Аквариум

Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
– Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
– Абе жено, што е тоа логика?
– Епа вака сега… ти имаш аквариум така?
– Да
– Епа тоа значи дека сакаш риби, така?
– Да, да.
– Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
– Шефе знам што е логика!
– Е ај кажи.
– Ти имаш аквариум дома?
– Не.
– Епа педер си!

Ситна жена

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат…
– Добро бе каков ви е сексот кога сте толку различни?
– Абе јас си лежам она е одозгоре па јас ја држам и ја клатам. Уствари исто е како маструбирање, само сега има со кого да си правам муабет.