Дома / Вицови (страна 66)

Вицови

1-ви Април

Малиот Цветко го прашува малиот Трпе:
– Во што беше маскиран на 1-ви април?
– Во Нинџа.
– Не те видов.
– Фала!

Куќа

Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
– Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара:
– Немам, чекам да ми ја препишетe.

Македонски спорт

Спортски дисциплини во Македонија:
– подигање кредити,
– прескокнување рати,
– пливање во долгови,
– трчање по жиранти.

Диплома

– Трпе, што ќе биде твојот син кога ќе дипломира?
– Педесетгодишник!

Пијаници

Си биле Русин, Американец и Македонец. Се фалеле кој што побрзо може да направи:
– Русинот рекол: ние во 9 часот правиме подморница таа во 11 плови.
– Американецот рекол: ние во 9 часот правиме авион тој во 11 лета.
– Македонецот рекол: а ние во 9 правиме ракија во 11 сите сме дрво пијани…

Шанса

Трпе бил многу богат. И еден ден Трпана му вика:
– Слушај Трпе оној твојон возач веднаш да го отпуштиш од работа, за малку ќе ме прегазеше со колата!
– Немој така Трпано, ај да му дадеме на човекот уште една шанса!

Пензионерски муабети

Двајца пензионери на клупа, седат и разговараат:
– Кога имав 25 години, ќе ми се дигнеше и не можев да го свиткам ниту со две раце.
– Кога наполнив 50, ако се потрудев, можев да го свиткам за едно 10 степени.
– Кога наполнив 60, можев без проблем да го свиткам околу 20 степени.
– Следната недела ќе полнам 70 и можам да го свиткам до пола со една рака.
– Аха, а што е поентата на муабетов? – прашува другиот пензионер.
– Па, се чудам колку силен станувам како сè повеќе стареам…

Муза

Трпе и вика на Трпана:
– Злато ти си мојата муза.
– Леле фала за комплиментот.
– Ме измузе до последниот денар!

Прашина

Цветко го прашува Трпе:
– Кој те истепа така бе?
– Жена ми
– А зошто?
– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.

Папагал

Некој поп имал папагал што го сакал многу.Каде и да одел,секогаш го носел со себе, му купувал сè и сешто,а во црквата местото му било покрај олтарот.
Еднаш попот морал да оди по некоја итна работа,па го оставил папагалот дома. Кога се вратил, што да види: папагалот ги изебал сите кокошки на соседот.
За таквиот тежок грев попот му ја ишишал главата и го ставил покрај влезната врата на црквата да служи.
Додека верниците влегувале во црквата,папагалот морал да повторува:
– Мажите десно, жените лево, а децата во средина.
Така било пред секоја миса, сè додека пред вратата не се појавил некој целосно ќелав човек. Тогаш папагалот гракнал:
– Мажите десно, жените лево, децата во средина, а ти ќелав што си е*ел кокошки застани до мене!

Трпе од Кавадарци

Трпе и Трпана се заминале за Њујорк на гости кај синот. Се качиле во едно такси и возачот ги прашува:
Возач:”Where are you coming from?”
Трпе: “From Macedonia”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Не праша од каде сме, му кажав дека доаѓаме од Македонија.
Возач: “Which town?”
Трпе: “Kavadarci”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Прашува од кој град, јас му кажав дека сме од Кавадарци.
Возач: “I had the worst sex in Kavadarci.”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: “Те познавал”

Виц на годината (2018)

Швалерка

Трпана го фаќа Трпе со швалерката во кревет. Лута почнува да ја кубе и удира, а Трпе вика:
– Удриии по неа Трпано! Она на нас ќе ни го заебува бракот!

Развод

Брачен пар се вози по автопат, полека со 100 km/h. Жената седи зад воланот, а мажот мирно ја разгледува околината и изненадно се врти кон жената па и вели:
– Оженет сум преку 20 години, но сакам да се разведеме.
Жената ништо не вели и продолжува да си вози мирно, но накачува на 110km/h. Мажот повторно:
– Не сакам да се обидуваш да ме одвратиш од замислата! Во врска сум со твојата најдобра другарка!
Жената пак останала мирна, но брзината пораснала на 120km/h.
– Сакам да ја задржам колата.
Брзината пораснала на 130km/h. Тој продолжил:
– Ги сакам и сите картици и нашиот брод и куќата! Јасно ли ти е?!
Автомобилот полека почнал да се движи кон бетонски мост. Тоа го направило мажот нервозен, па ја прашува жена си:
– Ти, ништо не сакаш за себе?
Брзинометарот покажувал 150km/h.
– Не, јас имам се што ми треба.
– О, да? – иронично забележал мажот. – А, што тоа имаш?
Пред да се накачи стрелката на 160km/h, таа полека се свртела кон него и му рекла: воздушно перниче!

Слика

На еден војник му стигнува писмо од неговата девојка во кое таа му пишува:
– Драг Трпе! Јас веќе неможам да бидам со тебе. Далечината меѓу нас е преголема. И морам да ти признаам дека четирипати те изневерив откако отиде во војска. А тоа не е во ред. Извини те молам и испрати ми ја сликата што ти ја дадов. Поздрав Трпана.
Војникот, целиот потресен од писмото оди кај другарите и бара фотки… Сите можни што ги имаат, од мајки, од сестри, девојки, баби. Собрал вкупно 76 ги ставил во писмо и на него напишал:
– Драга Трпана! Жал ми е ама не се сеќавам која беше ти. Те молам пронајди си ја сликата, и земи си ја, а другите врати ми ги. Поздрав.