Дома / Вицови (страна 67)

Вицови

Слика

На еден војник му стигнува писмо од неговата девојка во кое таа му пишува:
– Драг Трпе! Јас веќе неможам да бидам со тебе. Далечината меѓу нас е преголема. И морам да ти признаам дека четирипати те изневерив откако отиде во војска. А тоа не е во ред. Извини те молам и испрати ми ја сликата што ти ја дадов. Поздрав Трпана.
Војникот, целиот потресен од писмото оди кај другарите и бара фотки… Сите можни што ги имаат, од мајки, од сестри, девојки, баби. Собрал вкупно 76 ги ставил во писмо и на него напишал:
– Драга Трпана! Жал ми е ама не се сеќавам која беше ти. Те молам пронајди си ја сликата, и земи си ја, а другите врати ми ги. Поздрав.

Лајк

Трпана му се врти на Трпе:
– Зошто ми брцаш палец?
Трпе:
– Многу си убава, те лајкам.

Фризура

Трпана го шиша малиот Трпе, а он плаче и вика:
– Не сакам фризура како на тато!!!
– Мора сине! Сите викаат дека личиш на комшијата.

Оглас

Оглас во весник:
„Млади мажи, ако сакате жените да трчаат кон вас и по вас, ако сакате постојано да ве очекуваат, без разлика дали сте грд, дебел или глуп, имаме одлични вести за вас:
-ЈСП бара возачи на градски автобуси.“

Желба

Трпе го прашува татко си:
-Тато сакам да живеам вечно, што да правам?
– Ожени се сине.
– И тогаш ќе живеам ли вечно?
– Не, но желбата ќе ти помине.

Бурек

Си купил Трпе бурек за доручек, загризува, отпива од јогуртчето и забележува дека нешто му мрда меѓу забите. Брка со прстите и вади влакно од устата. Ги засукал ракавите и нервозно оди кај бурекџијата:
– Што ставаш во бурекот?
– Пааа… Брашно, вода, месо, јајца…
– А зошто не ги избричиш?

Лек

Трпана оди на доктор
– Докторе, што би ми препорачале против менструална болка?
– Анален секс!
– Сте разговарале со мојот сопруг, нели?
– Не познавам никаков Марко!

Кино

Трпе влага во бар и здовгледува една згодна девојка и почнува да и се пушта:
– Здраво маче!
– Имам сопруг…
– И јас имам ТВ дома, па некогаш одам на кино.

Еротски сон

– Трпе, замисли, дури и по триесет години брак со тебе, минатата ноќ те сонував во еротски сон!
– Еј Трпанооо… И како се претставив?
– Дојде и ја расипа забавата!

Чевли

Трпана доаша дома и му вика на Трпе:
– Мажу, треба да имаме долг и сериозен разговор!
– Пократко не ли може?
– 4000 денари за чевли!