Дома / Вицови (страна 69)

Вицови

Нов телефон

Рамче се фали на девојка му:
– Ти се свиѓа ли мојот нов ајфон?
– Да, колку го купи?
– Не го купив, го добив…
– Каде бе?
– Победив на трка!
– А колку учествуваа?
– Јас, полицаецот и сопственикот на телефонот.

Состанок

Влав се јавува на девојка му:
– Срце ќе поминам да те соберам за некое време, гладна да не си?
– Да сум!
– Епа тамам ручај нешто додека да стигнам.

Трговец

Влав, стар трговец, го води својот син за прв пат во продавницата.
Вечерта жена му го прашува:
– И како поминавте денес?
– Добро… ама ќе му треба уште време.
– Не знае ли да рачуна? Со муштериите ли не се однесува убаво?
– Супер се однесува, супер рачуна.
– Тогаш што е проблемот?
– Многу плаче кога враќа кусур.

Кондиција

Трпе го среќава Цветко во шорц:
– Што правиш?
– Еве, бев да трчам.
– Аха, ја поврати кондицијата?
– Повратив да, ама кондицијата не.

Состанок

На крајот од состанокот, директорот прашува:
– Има ли некој некое прашање?
Цветко станува и вика:
– Јас имам директоре, ебете ли вие нешто друго освен нас?

Полубрат

Се шетаат дечко и девојка во парк и на девојката и ѕвони телефонот и дознава дека дечкото и е полу брат. Го исклучува телефонот и му вика на дечкото така сериозно:
– Не можеме ние повеќе заедно ти си ми полу брат.
Овој мртов ладен одговара:
– Зошто, а другата половина која е!?

Фрижидер

Трпе му вика на Цветко.
– Сабајле сфатив дека фрижидерот ми е женски пол?
– Како тоа?
– Па, нема јајца.

Избори

Двете прашања што го измачуваат човештвото:
1. Дали постои живот после смртта?
2. Дали постои асфалтирање после избори?

Алкохол

Трпе оди на пазар, застанува пред тезга и го прашува продавачот:
– Извинете, зошто краставициве мирисаат на алкохол?
Продавачот се поместува 2 чекори назад и му вика:
– А сега?

Ракија

Ако купам гардероба парите одат во Кинезите.
Ако купам кола парите одат во Германија, Италија или Франција.
Ако купам нафта парите одат кај Арапите.
Ако купам гас парите одат во Русите.
Ако купам овошје парите одат во Еквадор, Гватемала или Хондурас.
Ако купам мобилен парите одат во Кореја.
Ако купам патики парите одат во Тајван.
Ако идам на одмор парите одат кај Грците, Бугарите, Црногорците или Турците.
Единствен начин парите да останат во Македонија е ако пијам домашна ракија.
Да и помогнеме на македонската економија најдобро што можеме.

Паметно куче

Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите. По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
– Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
– Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден…
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
– Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
– Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.

Поука од приказната:
Колку и да изгледате умешен и паметен за околината, никогаш нема да бидете доволно добри за вашиот шеф.