Трпана разговара со другарка си:
– Слушнав дека си се развела, вистина?
– Да, но пак му се вратив по 3 месеци.
– Зошто!?
– Не можев да го гледам како ужива сам.
Развод
Две свекрви
Вика
Манијак
Мастики
Влегуваат малиот Трпе со татко му во продавница. Трпе до касата забележува едни чудни мастики.
– Тато ај купи ми од овие.
– Не сине тоа се кондоми, ги користат машките кога ќе пораснат, за да имаат сигурен секс.
– А зошто се овие спакувани по 3 во една кутија?
– Тоа се кондоми за средношколци, едно за петок, едно за сабота и едно за недела.
– А овие што се спакувани по 6?
– Тоа се за студенти, по две во петок, две во сабота и две во недела.
– А овие по 12 во опаковка?
– А тоа сине ти е за женети, еден за во јануар, еден за во февруар, еден за во март…
Моторче
Стапче
Телефонски повик
Кралицата Елизабета, Обама и Иванов заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Обама станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Иванов станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал.
10 знаци дека си Mакедонец
10 знаци дека си Mакедонец
1. Родителите се грижат за своето дете додека тоа не наполни 48 години.
2. Носиш тренерки со пет линии и натпис “Aadibasss”.
3. Весникот е предмет со двојна употреба.
4. Единствено полоши од политичарите се фудбалерите кои губат од сите.
5. Одиш во викендичка за да работиш, а не за да одмараш.
6. Ако турнеш некого на улица велиш „ОП“.
7. На секој виц одговараш „Го знам ама на друг начин“.
8. Цел живот си играш криенки: фрлаш ѓубре од десетти кат и потоа ѕиркаш дали си погодил и дали некој те забележал.
9. На иста маса стои знакот за забрането пушење и – пепелник.
10. Секој ден слободно ги вежбаш најтешките дисциплини во возење: одбегнување пешаци и дупки, пронаоѓање невозможни места за паркирање.
Болви
Разговараат две болви.
Првата прашува:
– Како си помина вчера?
Втората:
– Па, бев на опера. Бев во мустаќите на диригентот, прекрасно беше, се додека тој не кивна.
Првата:
– И, што се случи?
Втората:
– Па летнав помеѓу градите на пејачката. Таму беше многу топло и клизаво, така паѓав, надоле, надоле стана толку загушливо и смрдло, што паднав во несвест.
Првата:
– И што се случи потоа?
Втората:
– Па, не знам искрено ама, следното утро повторно се разбудив во мустаќите на диригентот.
Молец
Кошмар
Се буди Трпана среде ноќ цела исплашена и испотена и го буди Трпе, велејќи му:
– Леле, нешто лошо сонував и целата се исплашив… Знаеш, порано кога бев мала, кога ќе имав кошмар, одев кај мајка ми и таа ме гушкаше и смируваше…
А Трпе и вели:
– Ти стварно не си нормална! Сега во 3 ипол сабајле да те возам до кај мајка ти?