Дома / Вицови (страна 73)

Вицови

Теле

Сине, како ти оди во школо?
– Супер тато. Учителката секој ден ме фали пред другите деца.
– Гордост татина! А што ти вели?
– Вели “од сите телиња на планетата, ти Трпе си најголемото”.

Најдобро место

Се расправаат луѓе каде е најдобро да се секса. Се јавува најмладиот од нив, некаде на возраст од околу давесет и неколку години, и вика вака:
– Најубаво е да се секса во лето, на ливада, на свежо окосена трева, гледаш ѕвезди, слушаш врапчиња и веслаш, веслаш….
– Не, се јавува, малку постариот некаде на четириесетина години. Што ќе се случи ако на ливадата те полазат мравки и комарци ти го избоцкаат газот. Најубаво е дома во кревет, со отворен прозор, си гледаш ѕвезди, си слушаш врапчиња и веслаш, веслаш….
– Не, се јавува оној на шеесет и некоја година. Најубаво да се секса е на скали.
– Штооо? Во еден глас се јавуваат двајцата претходни дискутанти. Како на скали?
– Па така! Ако можеш да сексаш, сексај, а ако не можеш, викни само иде некој и бегај.

Одмор

Македонец на царина:
– Носите нешто недозволено…дрога, алкохол, оружје?
– Не знам, мене мама ме пакува…

Одмор

Трпе му вика на Цветко:
– Мислев да аплоадирам фотографија на инстаграм од последниот одмор, ама ништо…
– Зошто ништо?
– Епа во 1998 година немав мобилен.

Студентски проблеми

Студентка плаче во ходникот на факултетот. Поминува професор и ја прашува:
– Колешке, да не паднавте на испит?
– НЕЕЕЕЕ! – плаче студентката.
– Колешке, може би не успеавте да го заверите семестарот?
– НЕЕЕЕЕ! – плаче студентката.
– Со студентскиот дом ли имате проблем?
– НЕЕЕЕ! – пак плаче.
– Па за кој кур плачете тогаш?
– За каков и да ееееееееееееее!

Ергенска вечер

Трпана нервозно го прашува Трпе:
– Кај беше цела вечер?
– Кај Цветко на ергенска вечер…
– И што, си викнавте некоја ороспија и се изредивте сите?
– Не.
– Како не, мислиш не сум била на ергенска вечер.

Интернет

– Добар ден господине, дали ќе може да ви направам една кратка анкета?
– Може.
– Каков интернет користите и колку сте задоволни?
– Користам интернет од комшијата и многу сум задоволен.

Разлика

Што е разликата помеѓу Прилепчанец и Кавадарчанец?
– После пет пива Прилепчанецот оди на тутун, а Кавадарчанецот оди кај другар му на по една ж’та.

Без “в”

Трпе седи во чекална во болница:
– Господинот Славе Поповски?
– Да. Само без „в“, ве молам.
– Слае?

Интервју

Интервју за работа у Неготино:
– Имате ли познавање од англиски јазик?
– Да, имам.
– Употребете го “date” во реченица.
– Кај си бе date ебам.

Бабичка

Полицаец застанува бабичка од 80 години и и вели:
– Па добро госпоѓо, зошто возите толку брзо?
Бабата: Ма дај пушти ме, дур сеуште памтам кај сум тргнала.

Спасување

Трпана разговара со комшиката…
– Кога се земавме со Трпе, ми кажа дека ако го изневерам ќе се убие.
– Ииии, и ти што направи?
– Од тогаш ништо не му кажувам и пет пати му го спасувам животот.

Кармин

Му го поставуваат на еден Шкот вообичаеното прашање:
– Што носат Шкотите под килтот?
– Во успешен ден…. кармин!