Мајката ја советува ќерката:
– Ќерко, мажот треба да се избира умно! Гледај го татко ти. Се разбира од електрика, од водовод, од мебел, тој може да поправи апсолутно сѐ што ќе се расипе во домот. Ако најдеш таков човек како него, никогаш нема да имаш… ништо ново!
Љубовница
Зреење
-Абре комши што им правиш на доматите што се толку црвени и зрели, кај мене се се уште зелени.
Комшијава се помислил малку и и рекол на комшивката:
-Комшике не знам како да ти кажам, можеби и ке се навредиш, па дури и срам ме фаќа.
Комшиката нестрпливо му рекла:
-Де бре комши не се знаеме од вчера.
И комшијава видел, невидел и и рекол:
-Па вака комшике, кога ке станам од спиење рано на сабајле прво што правам доаѓам во бавчава и се соблекувам гол. И доматите од срам поцрвенуваат. Тоа е тајната комшике.
Комшикава радосна си отишла дома и едвај чекала да се раздени. Наредниот ден комшијава поминува покрај куќата на комшиката и ја гледа комшиката во бавча и и вика:
-Комшике, како доматите зреат, зреат?
А комшиката му рекла:
-Комши доматите стојат у место, ама да видиш краставиците колкави се.
Син
Пари
Клима
Колачиња
Пчела и свекрва
Како знаеш дека потекнуваш од Македонија
КАКО ЗНАЕШ ДЕКА ПОТЕКНУВАШ ОД МАКЕДОНИЈА?
– На сопствената венчавка познаваш една третина од гостите.
– Секоја свадба почнува со песната “Ерген одев мила мамо”.
– Имаш барем еден роднина со кого си скаран.
– Во домот имаш календар со светци.
– Мислиш дека се е некаква завера.
– Мајка ти уште од мал те учи дека провевот убива.
– Во домот ракијата служи за лекување на сите болести, за прослави, за сите пригоди и како лосион за масажа.
– Баба ти никогаш не го прифаќа фактот дека не си гладен.
– Кога ќе запознаеш странец прво го учиш да пцуе.
– Кај баба ти мора да изедеш супа, сарми, печење, салати, гибаница,печена пиперка со лук, пача и ванилици и никако не смееш да оставиш нешто во чинијата.
– Кога си бил мал ти велеле дека ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе.
– Кога ќе видиш бебе, мора прво да го поплукаш три пати.
– Кога си бил мал те плашеле со вештерка.
– Ако дремнеш попладне, мора да ја покриеш половината.
– Мајка ти не ти дава да пиеш студена вода кога си испотен.
– Удираш по маса и кршиш чаши кога си пијан.
– Ако реченицата „Немој да се смееш, подоцна ќе плачеш“ ти изгледа логично.
– Една недела по Божик или Велигден имаш сарми за ручек.
– Живееш во земја во која ќотекот излегол од рајот.
– За време на ручек, се јаде цел леб.
– Ракија се пие пред појадок, за циркулација.
– Родителите го менуваат каналот ако има бакнување на телевизија.