Дома / Вицови (страна 76)

Вицови

Близначка

Се среќаваат Трпе и Цветко:
– Ај честито Трпе, слушнав си се оженил!
– Да бе, за близначка!
– Браво, а лесно ли ги разликуваш?
– Па, брат и нема цицки.

Што е успех?

Што е успех?
На 5 години – да се разбудиш во сув кревет.
На 15 години – да спиеш со жена.
На 25 години – да најдеш добра жена.
На 35 години – да имаш добра кариера и семејство.
На 45 години – да имаш добро семејство и кариера.
На 55 години – да најдеш добра жена.
На 65 години – да спиеш со жена.
На 85 години – да се разбудиш во сув кревет.

Интервју за работа

За во една продавница се бара продавач.Се јавуваат бааги народ и почнува тестот.
– Колку се 2 + 2 ?
– 4. Одговара како од топ кандидатот.
Првиот од комисијата.
– Го земаме, многу е брз.
– Чекај! Има уште кандидати.
Истото прашање и за вториот кандидат.
– Дајте ми лист и пенкало да пресметам.
– Го земаме, овој е многу внимателен.
– Чекај, имаме уште кандидати.
Истото прашање и за третиот кандидат.
– 5. Одговара кандидатот.
– Го земаме. Ќе ни донесе добивка.
– Полека.
– Колку се 2 + 2? Го прашуваат следниот кандидат.
– Зависи, одговара овој.
– Од што зависи?
– Па вака. Ако купуваш 2 + 2 e 3. Но ако продаваш, тогаш 2 + 2 e 5.

Состанок

Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
– Може да се напиеме нешто?
– Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
– Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
– Сакаш да поминеме таму?
– Може! – му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
– Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
– Токму тоа што секогаш им го кажувам:
“Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино”

Веб страна

– Вашето име господине?
– ве.. ве.. ве.. Ведран.
– Вашето име господине, а не вашата веб страна.
– пе.. пе.. Пелтечам госпоѓо пи.. пи.. пичка ви матер!

Оглас

Се враќа жената од работа и гледа на врата: СЕ ПРОДАВА ЖЕНА ЗА 19.000 Денари.
– Шо е ова мажу зарем толку вредам? Пу засрами се!!
– Да жено. Месо… 60 кг. и тоа жива мера по 150 ден. плус прстенот 10.000 ден тоа ти се 19.000 ден.
Другиот ден се враќа мажот од работа и оп на врата ливче:
СЕ ПРОДАВА МАЖ ЗА 17ден.
– Аман бе жено шо е ова, не ти е страм. Зарем толку вредам?
– Да мажу мој. Види…две јајца по 5ден. плус едно мало кебапче 7 ден. Колку се мажу?

Сообраќајка

Полицаец го испрашува Трпе на местото на сообраќајната несреќа:
– Сега сакам да ми објасните како го удривте пешакот на пешачкиот премин?
Возачот:
– Господине полицаец! Воопшто не го удирив. Застанав да му дадам предност, и тој се онесвести од изненадување.

Клинци

Отишол Трпе на работа во странство. Не бил сигурен во верноста на Трпана па му рекол на комшијата:
– Слушај комшија, секој пат кога жена ми ќе ме изневери со друг заковај по еден клинец на вратата.
Комшијата се согласил.
Кога се вратил Трпе видел само три клинци на вратата и го прашал комшијата:
– Жена ми само три пати ме изневери?
А комшијата одговорил:
– Комши те молам другпат не ми давај вакви обрски ова е трета врата!!!

Рецептa

Жена влегува во аптека и бара да купи отров.
Аптекарот:
– За што ви треба отровот?
Жената:
– За да го отрујам мажот ми, ме изневерува.
Аптекарот:
– Извинете не можам така да ви продадам отров, тоа е нелегално без разлика што направил вашиот маж.
Како одговор на тоа жената покажува фотографија од нејзиниот маж и љубовницата, на која аптекарот ја препознава својата жена.
Аптекарот, давајќи го отровот:
– Извинете, не знаев дека имате рецепта.

Пијаница

Трпана го буди Трпе ноќеска во 3 саатот и му вика:
– Абе Трпе вчера во фрижидерот оставив 3 шишиња ракија зошто сега има само 1?
– Зашто не сум го видел?

Продавница

Пијан маж влегува во бутик. Убавата продавачка љубезно го прашува:
– Господине да ви покажам ли нешто?
– Може, прво цицињата, а после газенцето…