Дома / Вицови (страна 77)

Вицови

Идеа за женење

СМС порака:
– Душо ме сакаш?
– Да те сакам.
– Тогаш вети ми дека после свадбата ќе престанеш да пушиш.
– Ок.
– И ќе престанеш да пиеш.
– Ок.
– И нема повеќе да одиш во кафани со другарите.
– Ок.
– Што ти сакаш да промениш за мене?
– Идејата да се женам!!!

Швалер

Трпе се враќа од работа и ја фаќа жена си со љубовникот.
Баммм! – Низ прозор без да проговори ни збор.
Следниот ден пак ја затекнува Трпана со истиот љубовник, целиот во завои.
Баммм! – Пак го фрла низ прозор без да размисли.
Третиот ден пак ја затекнува жената со истиот љубовник. Целиот искршен тргнува кон мажот:
– Стоп! Кажи што сакаш од мене!
– Како што бе, да не спиеш со жена ми!
– Па така кажи, а не само да ме фрлаш!

Панаѓур

Трпана и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. Во неделата бевме во Долно Дупени на панаѓур и кога тргнавме дома наидоа некои мангупи, мене ме силуваа, а твојот мил зет Трпе го претепаа.
По една недела Трпана пак и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. Во неделата бевме во Горно Дупени на панаѓур и кога тргнавме дома наидоа некои мангупи, мене ме силуваа, а твојот мил зет Трпе го претепаа.
По една недела Трпана трет пат и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. В недела ќе има панаѓур во Подмочани. Јас би одела, ама Трпе се двоуми!

Длабина

Трпе на одмор во Шпанија. Седи на една лежалка покрај базенот и се мисли како да го зеза црнецот којшто се сонча на соседната лежалка.
На крајот се сетил. Станува тој од лежалката го вади и го брцнува во базенот па вика гласно:
– Температурата на базенот е 25 степени.
Црнецот го гледа малку, па станува, го вади, го става во базенот и викнува гласно:
– Длабочина на базенот два метри и 55 сантиметри.

Фабрика

Група посетители ја разгледуваат фабриката во која се произведуваат производи од гума. Водичот со гордост им ја покажува линијата за производство на цуцли, се е беспрекорно, совршено работи. Потоа одат до линијата каде што се произведуваат презервативи.
На крајот од линијата имало некој уред со игла и еден од посетителите приметил дека секој десети презерватив е пробушен од иглата. Зачуден го прашува водичот:
– Па вие изгледа намерно го бушите презервативите?
– Па да, така некако!
– Па тоа не е добро за работата со презервативите?!!
– Па да, но одлично е за работата со цуцлите!!!

Продавач на годината

– Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 евра.
– Што? За 115.237 евра? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече „надолу по брегот“, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Haines Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност беше дошол да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…

Ѓавол

Еј, старецу – викнал ѓаволот.
– Кој си ти? прашал старецот.
– Јас сум ѓаволот…
– Добро за тебе, штом си ѓавол.
– Се плашиш од мене?
– Не, зошто би се плашел…
– Дали знаеш дека јас можам да те скренам од умот и да предизвикам страшна психичка агонија за целиот живот?
– Сигурен сум дека можеш… мирно одговара старецот.
– И сеедно ти е, не си уплашен?
– Не, ни најмалку.
– Зoшто не? Сите се плашат од мене?…
– Јас не. Ако си ти Ѓаволот тогаш јас бев во брак со твојата сестра 37 години…

Модерна љубов

– Тато, вљубена сум во едно момче кое живее далеку. Јас сум тука, а тој во Австралија!
– Како се случи тоа?
– Па вака: Се сретнавме на еден сајт за запознавање, потоа ми стана пријател на Facebook, имавме неколку долги разговорот со WhatsApp, се фативме на Skype и сега веќе два месеци сме заедно преку Viber… тато… ми треба твое одобрение и од твој благослов!
– Секако! Омажи се со едно „ДА“ на Twitter… купете децата од Amazon, платете со Paypal. И ако еден ден не можеш да го трпиш повеќе, продај го на eBay!

Штип

Газдата го прашува Трпе:
– Си бил ли некогаш во Штип?
Трпе:
– Ехеееј колку пати. Во Штип има евтини ороспии и добри фудбалери!
Газдата:
– Абе човеку, жена ми е од Штип!
Трпе:
-А во кој клуб игра она?

Пијаница

К’д доваѓаш дома мртав пијан сс шваљерку, а на жену ти ву викаш кимнувајќи му:
– Прави се дека си ми сестра!

Силување

Некоја хигиеничарка била силувана. Во тек е судска постапка.
Судијата:
– Добро, само едно не ми е јасно. Зошто не избегавте?
– Е како да избегам почитуван судија?!? Пред мене – тој, а зад мене – само што сум изџогирала…

Презерватив

Во 1875 Новозеланѓаните го измислиле презервативот користејќи црева од овца.
Во 1905 Австралјанците го подобриле изумот со тоа што прво ги извадиле цревата од овцата.

8-ми Март

Во предвечерието на 8-ми Март. Трпе и Трпана во кревет:
Трпана: Душо не можам да заспијам, ајде да водиме љубов?
Трпе: Спиј, спиј. Не е убаво подароците да се отвараат пред време….

Коњ

Ќерката: – Мамо, мамо сакам коњ!
Мајката: – Ќе го добиеш ќерко кога ќе се омажиш.