Бојан
14/01/2018
Виц на денот, Разно
13,017
– Здраво комшија. Долго време ги набљудував твоите деца и сакам да ти понудам нешто. Јас сум телевизиски продуцент и сакам да ги снимам твоите деца за една реклама. Подготвен сум да платам добар хонорар.
– А за што е рекламата?
– За контрацептивни средства…
Вики
13/01/2018
Виц на денот, Разно
4,677
Една жена доаѓа да работа со сино око. Нејзиниот колега забележува и ја прашува:
– Кој те среди вака?
– Мажот ми!
– Мажот ти? Мислев дека е на службено патување.
– Ха! Тој мислел! А јас бев сигурна.
Ангела
12/01/2018
Виц на денот, Образованиe
4,758
Разговараат двајца студенти по завршувањето на испитот:
– Колку доби?
– 7.
– Па, нели се спремаше за 10-ка?
– Абе да, ама во последен момент си велам, да си добијам јас 7-ца, па да си купам ракија со остатокот од парите…
Ена
11/01/2018
Виц на денот, Разно
2,462
– За што те судеа?
– За мито.
– А како те ослободија?
– Со мито.
Рамиз
10/01/2018
Расистички
14,731
Дедо Мраз дели подароци на улица, а меѓу собраните бил и Рамче.
Дедо Мраз:
– Кој сака кола?
Рамче:
– Јас сакам.
Дедо Мраз:
– Кој сака топка?
Рамче:
– Јас сакам.
Дедо Мраз:
– Кој сака компјутер?
Рамче:
– Јас сакам.
Дедо Мраз веќе изнервиран:
– Кој сака ќотек?
Рамче:
– Дајте бе луѓе, земете и вие нешто не само јас.
Никола
10/01/2018
Разно
3,802
– Французинката од левата страна има маж, од десната љубовник, зад себе си сомнително минато, пред себе светла иднина, а на главата шапка.
– Македонката од левата страна има 3 полни најлони од самопослуга, од десната страна 2 деца, зад себе си убаво минато, пред себе не гледа иднина, а на главата маж.
Трале
09/01/2018
Златна риба
25,811
Си биле тројца рибари и ловеле риба на Дојранско Езеро. Едниот фаќа златен крап. Крапот му проговорува со човечки глас.
– Пушти ме во водата и ќе ти дадам еден подарок.
– Каков подарок? – прашува заинтересирано рибарот.
– Избери си сам: Голема љубов, голема мудрост или милион денари.
– Сакам мудрост! – без многу размислување вели рибарот.
– Готово! – рекол златниот крап и скокнал во езерото.
Другите двајца рибари некое време го гледале својот пријател и конечно еден од нив рекол:
– Ајде кажи нешто мудро бе?
– Требаше да ги земам парите.
Енена
07/01/2018
Виц на денот, Разно
12,571
Млад дечко ги кине ливченцата на маргаритката и вели:
Во 19 век:
– Ме сака, не ме сака…
Во 20 век:
– Ќе спие со мене, нема да спие со мене…
Во 21 век:
– Маж сум, жена сум…
Ана
06/01/2018
Разно
2,125
Кога имав седум години, видов како во спалната Дедо Мраз се преоблекува во татко ми.
Оттогаш знам дека тато не постои…
Столе
05/01/2018
Виц на денот, Разно
1,886
Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!
Коки
04/01/2018
Виц на денот, Разно
2,946
– Драги, што сакаш да ти зготвам за новогодишната ноќ?
– Тоа што ти е најлесно, душо!
– Да ти се налутам!?
Бубе
03/01/2018
Виц на денот, Личности
6,150
Комшијата го прашува малиот Трпе во лифтот:
– Што ти донесе Дедо Мраз, детенце?
– Играчка на батерии.
– А на мама?
– И на мама исто!
Холовиц
02/01/2018
Виц на денот, Разно
2,235
Газдата размислува што да им земе на работниците за Нова година..
– Им го зима К-15!
Моника
19/12/2017
Виц на денот, Разно
6,260
Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката:
– Кондоми имате?
– Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина?
– Дајте ми еден со арматура!