Дома / Вицови (страна 8)

Вицови

Војник

Малиот Трпе решен му соопштува на татко си:
– Тато, решив! Ќе станам војник како тебе.
– Зошто така сине?
– Изгледа жените сакаат мажи во униформа.
– Синко слушај сега да ти објасни човек кој цел живот носи униформа: Тоа што носиме униформи за жените значи само дека сме научени да извршуваме наредби и да јадеме секаква храна без да се жалиме.

Шифоњер

Влева Блажо у спалната наапан, отвара го шифоњеро, унатре гол маж, по мал од него…..
Врте се накај Мара, и ја пита;
– Маро, кој е вај мори..
Мара, ја спушта главата, и вика;
– Блаже, тава е Ристето….
Блажо го ваде Ристето од шифуњеро, опнува му еден здрав ќотек, и на клоци брка го од дома…
После два дена, па иста прикаска..
Иде си Блажо дома, влева у спалната, ваде го Ристето од шифуњеро, ќотек и со клоци, надвор од куќата…
Мине 1 недела, влева Блажо у спалната, отвара го шифуњеро, унатре човек набилдан, две глави поголем од него и врте се накај Мара;
– Мариче мори, абе дека е Ристето…

Состанок

Трпе му се жали на Цветко:
– Излегов со една на кафе и почна да нарачува: Кафе, Пица, Вино,Тирамису…
Па јаа прашав:
– Што не ја зеде и сметката за струја да ти ја платам?

Запрежна кола

Трпе возел запрежна кола кога наеднаш коњот му вели со човечки глас:
– Те молам, да одморам малку.
Трпе уплашен рипнал да бега. Трчал пола саат, се изморил и седнал да се одмори под едно дрво. По кратко време до него дотрчува и неговото куче и му вели:
– Ебати коњот, не извади од памет, а…

Коледе

– Бабино, ај малце запеј „Коледе леде“?
– Бабо ма, дваесет и кусур имам – жити се…
(вади новчаникот)
– КООООЛЕДЕ ЛЕДЕЕЕЕ!!!

Фазомер

Работи тип од ЕВН на бандера, му паѓа клештата и се симиња да ја земе. Трпе стои до бандерата и му се смее:
– Што е мали, што е смешно?
– И татко ми е електричар ама кога работи на бандера си носи по два пара клешти за да не се симиња.
По некое време на мајсторот му паѓа фазомерот и се симиња по него, а малиот се гази од смеа:
– Сигурно татко ти носи и два фазомера?
– Аха…
По некое време мајсторот пак се симиња за да моча, Трпе прска од смеење:
– Е немој да ми кажеш дека татко ти има два?
– Не, ама два пати му е поголем…

Лото

– Ало, жено… Сум го заборавил Лото ливчето дома. Ај да ги провериме бројките вака преку телефон. Слушај сега добро! 1 има ли?
– Уф… има!
– 7 има ли?
– Има!
– А 9 има ли?
– Има!
– Добро е, добро е! 13 има ли?
– Има!
– Не зафркавај! 21?
– Има!
– Леле! Леле!!! А 32 има ли?
– Има! Ама пречкртан е!

Фирма

Јас се викам Борче и со жена ми Верица сме сопственици на фирма за производство на мебел.
– А како ви се вика фирмата?
– Борче иВерица…

Трчање

Сабајлево, одам на трчање …
Мозокот:
– Слушај, ај да помуабетиме јас и ти.
Јас:
– Ајде.
Мозокот:
– Не брка ли некој?
Јас:
– Не.
Мозокот:
– Бркаме ли некого?
Јас:
– Не.
Мозокот:
– Па за кој кур тогаш трчаме?!
Срцето и плуќата:
– И ние исто се прашуваме…

Зоолошка

Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.