Моника
19/12/2017
Виц на денот, Разно
6,264
Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката:
– Кондоми имате?
– Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина?
– Дајте ми еден со арматура!
Холовиц
14/12/2017
Полицајски
8,407
Се јавува Трпе во полиција:
– Ало, полицијата?
– Да, кажете!
– Сакам да пријавам исчезнато лице!
– Откога е исчезнато?
– Веќе три поста не ми лајкувал.
– Да не се безвезе постовите?
– Не! Еден виц и две смешни слики.
– Дали му пишавте порака?
– Да, нема ни seen.
– А он постирал нешто?
– Веќе 5 часа, ништо…
– Разбирам, сериозна е работава… дајте адреса, ќе испратиме патрола веднаш.
Дојчин
17/11/2017
Виц на денот, Личности
6,460
Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…
Енена
09/11/2017
Разно
6,366
На интервју за работа:
– Зошто аплицирате за ова работно место?
– За кога ќе отидам на “Среќни коцки” со Лила и ме праша “Со што се бавите?” да не ми падне незгодно…
Ване
27/10/2017
Виц на денот, Разно
11,505
Кавадарчанец оди дома и носи шест пакета вино, две шишиња ракија и два леба.
– Да не че иаме гости вечер!?
– Не бе, оти?!
– Ами шо толку леб си зел!!!
Аљоша Иваноски
25/10/2017
Виц на денот, Разно
9,748
Во ресторан, семејство со 2 мали деца.
Мајката:
– Келнер, можи ова шо остана да ни го спаковаш за кучето?
Келнерот:
– Можи.
Децата:
– Јееее, мама ќе ни купи куче!
Батко ти
17/10/2017
Виц на денот, Личности
6,778
Влага баба во аптека.
– Добар ден, ќе може еден дурекс?
А дедото од надвор вика
– Фервекс бабо! Фервекс!
Енена
06/10/2017
Разно
8,947
Влав на жена му:
– Жено изнервирај ме!
– Зошто?
– Абе брзо кога ти кажувам, изнервирај ме!
– Ама зошто?
– Најдов аналгин, утре му истекува рокот.
Енена
05/10/2017
Личности
4,665
Трпе и вели на Трана:
– Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!
Трпана:
– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.
Енена
04/10/2017
Плавуши
12,059
Плавушата се буди утрото на својот роденден и му вели на значително постариот сопруг:
– Чудно, сонував дека ми подаруваш бисерен ѓердан за мојот роденден. Што значи тоа?
Сопругот ја погледнува, се насмевнува и и вели:
– Ќе дознаеш вечерва.
Вечерта, плавушата добива спакуван подарок со панделка. Нетрперливо ја отвора кутијата и вади… книга – „Соновник“.
Тркаљовка
02/10/2017
Виц на денот, Разно
5,004
Кумановец оди во Скопје во кафана.
– За мене цезар салата.
– Сакате сос?
– Сос ракију!
Енена
28/09/2017
Виц на денот, Личности
7,921
Трпе, зошто сакате да се разведете?
– Жена ми по цели ноќи скита по кафани.
– Ајдее… Да не лажеш?
– Не лажам господине судија. Мене ме бара…
Енена
25/09/2017
Образованиe
4,525
Наставникот по математика го прашува Трпе:
– Трпе зошто на тестот си ја оставил оваа страна празна?
А Трпе на тоа одговара:
– Епа тука наставнику сметав на памет.
Dnaiel
21/09/2017
Разно
4,456
Во продавница за облека…
Муштеријата: Извинете колку се гаќиве?
Продавачот: 1200 денари.
Муштеријата: Ихаааа, со к** да не ги продавате?