Дома / Вицови (страна 85)

Вицови

Изум

Седат Трпе и Цветко запиени во кафана, Цветко прашува:
– Трпе, дали знаеш дека американците го измислиле телескопот за да гледаат во ѕвездите?
– Знам!
– А знаеш ли дека русите го измислиле перископот да гледаат над вода?
– Знам!
Трпе се врти и го прашува Цветко:
– А добро ти знаеш дека Македонците измислиле направа за гледање преку ѕид?!
Цветко збунет одговара:
– Еј, навистина? Која е таа справа?
– Прозор идиоту еден!

Манијак

Некој манијак брка девојка низ парк и се дере:
– Дојди да ми го испушиш!
Девојката бега, а манијакот трча по неа и пак се дере:
– Дојди да ми го испушиш!
Девојката стига до двајца полицајци и цела возбудена им вика:
– Помагајте, оној манијак ме брка да му го испушам!
На што полицаецов се врти кон манијакот и се дере:
– Немој ја да ти го испушам!

Добра вест

Цветко му вика Трпе:
– Трпе имам добра и лоша вест за тебе…
– Добро, дај прво лошата.
– Трпана се швалерисува додека ти си на работа.
– А добрата?
– Добро се секса!

Странство

Доаѓа Трпе од странство и ја гледа Трпана трудна.
– Трпана, како си затруднела кога јас не сум бил тука!?
– Кога отиде, го однесе шеќерот, го однесе мармаладот, па со што да го почастам јас кумот…

iPhone

Цветко им вика на пријателите:
– Знаете ли дека новиот iPhone 7 има апликација за слабеење?!
– Е како бе апликација за слабеење? – го прашуваат другарите
– Па така, го купуваш и немаш пари после леб да јадеш.

Смртна постела

Баба лежи на смртна постела и околу неа се собрале цела фамилија.
– Леле деца, кутрата јас ќе си умрам – вика бабата
Внукот сакајќи да ја утеши и вика:
– Не се грижи бабо, кога ќе отидеш ќе го видиш дедо пак!
А бабата на тоа враќа:
– Ќути сине, не ја влошувај работава…

Крпа во уста

Трпе се оженил со Трпана, се вселиле во нов стан и почнале да уживаат во медениот месец. И така секоја вечер од станот се слушале врискања, дишење и љубовно стенкање. По неколку дена соседот го сретнува Трпе и му вели:
– Трпе, немој да се лутиш, ама не можеме да спиеме од вас и вашето стенкање. Дај стави и крпа во уста на Трпана и нека не стенка толку.
– Нема проблем комшија, се извинувам, не сум знаел дека сме биле толку гласни.
Вечерта, во еден момент се слуша Трпе:
– Комшијаааа, вака добро е!?
– Добро е Трпе, добро е! – одговара соседот.
Втората вечер пак се слуша Трпе:
– Комшијаааа, вака добро ее!?
– Добро е Трпе! – одговара соседот.
Третата вечер пак се слуша Трпе:
– Комшијааа, добро е вака!?
И соседот изнервиран:
– Трпе вади ја крпата од уста, цела зграда мисли дека мене ме ебеш.

Oрален секс

Рaзгoвaрaaт две бaби:
– Знaеш Трпано, oвa млaдиве скрoз будaлетинки се. Измислиле oрaлен секс…
– Штo е тoa?
– Дa лижеш кaј штo мoчaш…
– Аaa, a кaпaкoт гo кревaaт?

Пегла за коса

Трпе ја прашува Трпана:
– Зошто ја пеглаш косата?
– За да ми биде подолга.
Следниот ден, докторот го прашува Трпе:
– Како рековте дека ја добивте изгореницата на пенисот?

Оружје и дрога

Одат двајца полицајци во школо во Чаир:
– Добар ден господине.
– Добар ден.
– Дојдовме да одржиме предавање за дрогата и оружјето.
– Не го предаваме ниту дрогата ниту оружјето, ај гитла!

Светлана

Охриѓанец на скопјанка:
– Светлана! Светлана! Светланааа !!!
– Не се викам Светлана бе сељак еден!
– А мор’ светлана на колана ги остаи глупа една!

Слабеење

Влегува дебела жена во аптека и прашува:
– Имате ли нешто ефтино за слабеење?
– Да, имаме. Ханзапласт.
– А како се користи?
– Се лепи на уста