Дома / Вицови (страна 86)

Вицови

Гледање

Отишол Трпе на печалба и од таму 3 години и праќал на Трпана пари дома.
По три години се враќа Трпе дома и што да види. Куќата средена, Трпана ослабена, дотерана, топ. Почнале да се сексаат и Трпана почнала еден нов потег, друг нов потег, трет различен потег од претходните. На Трпе му станало чудно, застанал и ја прашал:
– Трпано! Ако си била верна од каде ги научи овие нови работи?!
– Па Трпе знаеш како е, ти праќаше пари јас плаќав кабловска, гледав странски филмови и од таму научив.
Продолжиле да се сексаат и едно време Трпе со сета сила и врзува шамар на Трпана и ивика:
– Добро бе, јас цел живот гледам фудбал, па не знам топка да шутнам, ти од гледање кабловска го научи ова!

Прекар

Седат дедо и внук на некој рид и гледаат кон селото доле.
Дедото му вели на внукот:
– Ги гледаш оние големите куќи во селото? Јас ги имам градено со овие две раце! Дали ме викаат Цветко “куќоградачот”? – Не.
– Ја гледаш онаа црква на сред село? Јас ја имам градено. Дали ме викаат Цветко “црквоградачот”? – Не.
– Го гледаш оној ѕид околу селото? Сам јас го имам градено, камен по камен! Дали ме викаат Цветко “ѕидоградецот”? – Не.
– Ама еднаш ќе ебеш овца и…

Венчавка

Оди млад човек во матично:
– Можe да закажам венчавка за во вторник?
– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
– Е па за да не си го расипам викендот.

Извршители

Се шетаат двајца вампири еден татко и еден син. Таткото му вика на синот:
– Сине види го гледаш она село.
А синот одговара:
– Да татко го гледам.
– Епа тогаш ако го гледаш, гледаш колку куќи има таму?
– Да тате многу куќи има.
– Кога ќе дојде 00:00 часот ние ќе се спуштиме доле и ќе му ја исцицаме крвта на секој еден член од семејството на секој 5 куќи.
По ова синот одговара:
– Ама тате зошто да се мачиме на секој 5 куќи зошто од првата куќа не им ја исцицаме крвта на сите членови од семејството.
На ова таткото одговара:
– Сине ние не сме извршители, ние сме вампири.

Сладолед

На плажа охриѓанец продават сладолед. Доаѓа женска сосема гола и му нарачвит сладолед во корнет.
A охриѓанецот се загледал во неа, па не трепкат:
– Шо е, шо зјапаш во мене?
– Абе не те гледам јас тебе, туку гледам од кај ќе ги извајш парите за да ми платиш.

Каење

Се вози тип на мотор и случајно удира еден врабец во лет. Му паднало жал, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб.
Неколку часови подоцна, кога врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае:
– Решетки, леб, вода… сум го убил мотоциклистот!

Инвалид

Седи човек во кафана со пријателите запиени, после некое време решава да си оди накај дома.
Станува и паѓа доле, вика не ги осеќам нозете, пријателите му се смеат.
И така полека до дома, да стане паѓа на земја, да стане паѓа на земја ама се довлечкал некако до дома.
Сабајле жена му:
– Говедо едно пак си пиел вчера во кафана!
– Не бе злато, не сум пиел.
– Е како бе не, ми се јавија од кафаната вчера, пак си ја заборавил инвалидската количка.

Близнаци

– Добар ден…
– Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
– Не, зошто прашувате?
– Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
– Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!

Тоалет

На автобуска во Струмица:
– Се извинувам, каде ви е тоалетот?
– Маледеизлезејодвонкашнатастрана…
– Нема проблем, ќе издржам до Радовиш…

Виски

Цветко се пушта на девојка:
– Девојко сакаш ли малку виски?
– Може, ама малку…
– Да ти ставам два прста?
– Еј, дај прво виски!

Модро око

– Тато, зошто ти е помодрено окото!?
– Ќе ти го помодрам и ја твоето ако девојка ти пак си ги заборави гаќите во мојот автомобил!