Еци
13/12/2016
Политички
4,558
Разговараат двајца вмровци:
– Каде работиш, пријателе?
– Во Институт за заразни и паразитни болести.
– Како зараза или како паразит?
Вики
12/12/2016
Плавуши
2,881
Влегува плавуша во продавница за бела техника и прашува:
– Имате ли телевизори во боја?
– Имаме.
– Тогаш, дајте ми еден зелен.
Коте Пратикучи
11/12/2016
Разно
1,847
Денес е предизборен молк. Односно куќна слава на Хорхе.
За многу години да е!
Mrs.Vasilevska :D
08/12/2016
Образованиe
4,559
Трпе на испрашување по географија:
Наставничката:
– Трпе кажи ми каква клима владее во Македонија?
Трпе:
– Бизнис клима.
Бојан
06/12/2016
Сличности/Разлики
2,123
Која е разликата меѓу кокошка и плавуша?
– Кокошката знае на чии јајца седи.
Вики
05/12/2016
Образованиe
7,541
Седел ученик на час и напишал статус на ФБ:
– Сите учат, само јас на Фејсбук.
По извесно време, коментар од професорот:
– Ќе станеш да си го видиш кецот или да те тагнам?
Љупчо
02/12/2016
Разно
12,336
За време на операцију хирург слуша од под масу:
– Мјау…
– Пиш мори!
– Мјаууу….
– Мори маани се од туја – и гу рита.
– Мјауууу…
Хирург нервозно сече нешто од пациента и га фрља под масу:
– На, да се задавиш да даде…
Јосиф
02/12/2016
Разно
26,655
Доаѓа ќерката дома и бара благослов од татко и за да се омажи.
– Тато јас се заљубив многу, сакам да се мажам!
– Во кого се заљуби?
– Во оној Рикардо што работи во твојата фирма, многу се сакаме!
– Знаеш што ќерко, морам да ти кажам дека не можеш да се омажиш за него, знаеш јас многу одамна имав тајна врска и Рикардо ти е полубрат, ама те молам немој да и кажуваш на мајка ти.
Девојката тагувала неколку месеци и кога конечно нашла нова љубов доаѓа повторно кај татко и:
– Тато јас пак се заљубив имам нов дечко многу се сакаме и сакаме да се земеме.
– А во кого се заљуби сега?
– Во оној Мануел што работи кај тебе во фирма.
– Знаеш што ќерко мене ми е стварно жал ама морам да ти кажам дека и за него не можеш да се омажиш, имав уште една афера и Мануел ти е полубрат!
Девојката не знаела што да прави и отишла кај мајка и да се пожали:
– Мамо, јас дава пати сум пред земање ама тато ме спречува затоа што и двајцата ми биле полубраќа од неговите афери.
– Ќерко слободно мажи се за кого сакаш, тој не ти е татко!
eli
30/11/2016
Лудница
9,123
Примаат пациент во лудница и докторот го прашува:
– Како се викате?
– Александар Македонски!
– Добро, кај нас има многу цареви.
– Јас не сум цар, јас сум аеродром.
Цеце
29/11/2016
Разно
2,915
Зборуваат двајца другари, абе брат шо мислеш бившата уште жали по мене?
– Да бе брат уште жали синоќа се видовме, носеше црни гаќи.
Бојан
28/11/2016
Личности
5,900
Трпе и вика на ќерка си:
– Денеска дојдe твојот дечко и те побара за жена, па јас му реков ДА…
– Ама тато, јас не сакам да се одвојам од мама…
– Е добро де, земи ја и неа со тебe.
Ангела
26/11/2016
Разно
13,469
– Жена може со една реченица да те крене до небо и да те тресне од земја истовремено.
– Која е таа реченица?
– На комшијата му е помал.
Марија
25/11/2016
Полицајски
12,592
Началникот ги кара двајцата полицајци:
– Како можеше да ви избега криминалецот?
– Абе шефе, таман го стигнавме тој влезе во едно кино.
– А вие зошто не влеговте по него?
– Тој филм го имаме гледано…
Раде
24/11/2016
Разно
17,211
Влав оди во рибарница:
– Колку чини рибава?
– 200 денари.
– Скапа е за мене.
– Сто и педесет!
– Многу е.
– 100!
– Не можам да ти платам.
– Осумдесет!
– Ама од кај толку пари бе човек?
– Ај, еве тогаш ти ја подарувам.
– Благодарам, спакувај ми две!