Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.
Ариел
Се вработил Трпе во локалната продавница и сопственикот му објаснувал како треба да ја зголеми продажбата со препорака на останатите артикли, и како искусен трговец веднаш му покажал пример со првата муштерика.
– Добар ден госпоѓо.
– Добар ден.
– Повелете, што ви треба?
– Ми треба Ариел прашок за перење.
– Госпоѓо, повелете, но јас покрај детергентот ви препорачувам и да си земете и Ленор омекнувач.
– Ох, да, убаво ме потсетивте.
Па му рекол газдата на Трпе:
– Гледаш ли Трпе, продаваш два производи, а таа дојде само по еден. Сфати ли како иде тоа?
– Да газда, разбрав, можам сега и сам.
Влегла млада госпоѓица и Трпе и приоѓа:
– Добар ден госпоѓице, повелете.
– Ми требаат влошки Always.
– Секако, повелете, но јас покрај влошките ви го препорачувам и ова средство за чистење стакла.
– Што ќе ми е средство за чистење стакло?
– Па кога веќе не можеш да се ебеш, барем избриши ги прозорите!
Убава
Книга
Трезнење
Маж
Ист
Тоалет
Отишол Македонец на работа во Јапонија и само што излегол од авионот, го стегнал стомак. Бргу отрчал во првото јавно веце. Се олеснил и се врти околу себе: никаде нема тоалетна хартија. На ѕидот пред него имало три копчиња. Го притиснал првото и млаз топла вода му го измил задникот. Веднаш го притиснал и второто копче: топол воздух му ја исушил влагата на задникот. Љубопитно го притиснал и третото копче. Одеднаш му паднало мрак на очи.
Се буди утредента во болница, а до него седи медицинска сестра и на лош англиски јазик му објаснува:
– Имавте несреќа, но докторите Ви го спасија животот. За неколку дена ќе можете да излезете од болница.
– Аха… Туку сестро… Што беше тоа третото копче?
– Ааа, тоа е за вадење тампони кај жените. Повелете, вашите јајца…
Среќа
Вакцина
Скеле
Влегува градежен работник во автосалон:
– Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?
– 250.000 евра.
– А на кредит на една година?
– 25.000 евра месечно.
– Уууу, а на две години?
– 12.500 евра месечно.
– Хммм, а на три години.
– Погледнете и други коли. Има поефтини.
– Може, ама скелето падна врз баш врз таа.