Малиот Трпе и вика на Трпана:
– Мамо, летаат ли ангелите?
– Да, душо!
– Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета.
– Утре ќе ја видиш.
Газење
Кармин
Син
Му се родил син на Рамче и целиот среќен оди до болницата за да го види. На влезната врата не го пуштиле да влезе, па застанал под пенџерето и почнал да вика:
– Неџмиеее… Неџмии…
– Што се дереш Рамче? – извикала жена му.
– Личе ли на мене?
– Неее…
– А на тебе?
– Неее…
– На татко ми?
– Ма јок!
– А на татко ти?
– Уште помалку.
– Епа на кого личе?
– Што ќе ти кажувам кога и онака не го познаваш човекот.
Службена кола
Трпе работел во мртовечница и една вечер и звони на мобилен на Трпана: – Маче, каде си?
Трпана: – Еве дома.
Трпе: – Ај ќе дојдам да те соберам да шетаме негде.
Трпана: – Па нели колата ти е на мајстор?
Трпе: – Па ќе одиме со оваа од работа што ми е…
Трпана: – Аууууууууууу не се возам јас во таа кола…
Трпе: – Мори глупачо, луѓе умираат да се возат во таа кола, ти нејќеш….
Скопјанка
Кебапи
Такси
На шефот
8-ми март
Три жени во последен момент решиле да го прослават 8-ми март.
Не успеале да најдат место во ресторан, па си купиле пиење и отишле во гробишта.
Се напиле и се вратиле дома.
Мажите им биле пријатели и се сретнале другиот ден.
Едниот рекол:
– Мојата жена има љубовник! Сигурен сум! Донесе букет цвеќиња дома!
Другиот:
– И мојата сигурно има, и она донесе букет цвеќиња.
Третиот маж:
– На вас ви е лесно… Мојата има многу! Се прибра сношти и донесе цел венец на кој пишува – “Од колегите”
Срам
Колачиња
Куќа
Сексуално образование
Учителката ги прашува децата како доаѓаат бебињата на свет.
– Штркот ги носи учителке. – рекло едно дете.
– Не, не, таткото и мајката прво треба да се бацуваат па после доаѓа детето на свет.- рекло друго дете.
Тогаш малиот Трпе дига два прста:
– Учителке, а може ли ние што сме дупеле да излеземе надвор, да не слушаме вакви глупости