Цветко видел оглас: „Третман за слабеење – 12 килограми за само 2 дена“. И решил да се пријави.
Се пријавил, пошол, и го внесле во некоја поголема соба, средена со секаков мебел, и по кратко време во собата влегла некоја гола згодна надарена женска, и му рекла:
– Ако ме фатиш, твоја сум.
Цветко почнал да ја брка женската, ама таа му бегала низ собата, му се качувала по маси, по столици, по кревети… и никако не успеал да ја фати.
Излегол од собата, се качил на вага да се мери, и видел дека е послаб за 2 кила, па си рекол:
– Море утре ќе ја фатам оваа женската па шо сака нека биди, и ќе ослабам уште 10 кила.
Другиот ден Цветко пак отишол на третманот, го однеле во истата соба, арно ама сега со искуството од претходниот ден, го собрал целиот мебел во еден ќош за да не може женската да му бега по маси, по столици, по кревети.
По кратко време во собата влегол некој црнец, мажиште од над 2 метра, со „пашламарка“ 30 цм и му вели на Цветко:
– Ако те фатам, мој си.
Покемони
Казино
Згодна надарена плавуша влегува во казино, вади 10.000 евра и им вели на мажите околу масата:
– Се надевам дека нема да ви смета ако се соблечам гола, така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и вели:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта.
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу неа:
– Погодок, погодок!! Ви благодарам многу !!
Плавушата ги зела сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледаат и не им се верува што се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе шо број и падна на оваа?
Сообраќајна полиција
Лута зима, снег до колена. На една раскрсница мрзнат двајца полицајци. Толку им дошло преку глава што ги запираат сите коли. Запираат една кола и му велат на возачот:
– Воопшто не ни е гајле дали имаш документи , дали си пиел, дали колата ти е исправна. Излегувај од колата и почнувај да мочаш на снегот. Ако успееш да напишеш „Сообраќајна полиција“ ќе те пуштиме, ако не успееш вади илјадарка и да те нема.
Излегува возачот, почнува да моча и да пишува. Доаѓа до „Сообраќ“ и не може повеќе. Ја плаќа казната од 1000 ден. и си оди.
Запираат следен автомобил. Возачот доаѓа до „Сообраќајна по“ и застанува. И тој вади илјадарка, си плаќа и си оди.
По некое време кон полицајците наближува раскршен 101. Го запираат. Зад воланот седи Рамче. Му ги објаснуваат условите а тој им вели:
– Нема проблем. Ако сакате и „Сообраќајна полиција на Република Македонија“ ќе ви напишам на снегот со мочање, материјал имам колку сакаш. Ама ќе треба некој да ми го држи „пенкалото“ и да пишува, оти јас сум неписмен.