Раде
10/07/2016
Виц на денот, Разно
11,483
Влав го прашува таксистот:
– Колку должам за возењето?
– 200 денари.
Влавот дава 100, а таксистот се буни:
– Не 100, туку 200!
– Па што сакаш, и ти се возеше!
Гене
09/07/2016
Виц на денот, Разно
4,201
Разговараат двајца алкохоличари:
– Колку треба да испиеш за да имаш три промили алкохол во крвта?
– Паа, треба два дена да не пијам ништо.
Тино
07/07/2016
Разно
5,680
Се жали пензионер на доктор:
– Докторе, сите мои пријатели зборуваат дека имаат редовен сексуален живот. Дајте ми некој совет!
– Па, зборувај и ти, кој ти брани?
Синко
06/07/2016
Политички
13,137
Оди Груевски кај Вили:
– Ако може една лесковачка.
– Сакате и прилог?
– Не, прилог ќе нарачам од Сител.
Алберто
06/07/2016
Виц на денот, Разно
18,454
Лежи Црногорец на плажа, ставил шешир на половиот орган и на шеширот натпис: ГЛЕДАЊЕ 5 ЕВРА.
Поминале две дами, ставиле 5 евра, го кренале шеширот и погледнале.
Едната дама прашува:
– А колку чини малку да поработи?
Црногорецот одговара:
– Бегај таму, да сака да работи, не би просел.
Васко
04/07/2016
Разно
12,419
Таксистот: Треба да платите 100 денари.
Патникот: Имам само 90.
Таксистот: И, што правиме сега?
Патникот: Па, врати малку во рикверц.
Енена
03/07/2016
Сличности/Разлики
2,249
Која е разликата меѓу Македонија и филм?
– Филмот се развива.
Кирил
02/07/2016
Разно
13,854
На банкомат на Охридска банка:
Внесете пин *внесуваш*
Одберете сума
*одбираш*
Сакате испечатена сметка? Да/Не
*одбираш*
Смештај дан требит? Да/Не
Елена
01/07/2016
Златна риба
20,482
Фатил студент златна рипка и таа му рекла:
– Пушти ме, ќе ти исполнам една желба.
Студентот се зачудил:
– Како една, зарем не беа три?
На тоа рибата му одговорила:
– Ееее, сега е по ЕКТС.
Енена
30/06/2016
Виц на денот, Разно
6,847
Македонец умрел и на небото го дочекал Свети Петар.
– Каде сакаш да одиш, во рајот или во пеколот?
– А не може во Австралија?! – разочарано прашал Македонецот.
Ване
30/06/2016
Политички
4,133
Дошол вмровец на контрапротест на ГДОМ, а на нозете имал чевли број 55. Кога го прашале од штабот зошто дошол во толку големи чевли, тој им рекол:
– Па нели рековте да дојдеме во што поголем број?
R@biН
29/06/2016
Полицајски
4,530
Дошол нов полицаец во затвор како чувар, а шефот го предупредил дека има проблематични затвореници. На тоа, новиот чувар рекол:
– Нема гајле, кој не слуша, ќе лета надвор!
Еви
28/06/2016
Прашање - Одговор
1,563
Како се поздравуваат хакери нацисти?
– Зип фајл!
Ивана
27/06/2016
Виц на денот, Личности
4,605
Трпана на психијатар:
– Значи премногу бес има во тебе. Напиши писмо до тој што те нервира, искажи се и после запали го.
– Ок. А со писмото што да правам?