Дома / Вицови (страна 97)

Вицови

Гуска

Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска и си тргнал накај дома. На враќање поминал низ центарот на градот и гледа – кино. Решил да види што е тоа, но на вратата не го пуштиле да влезе со гуската. Мислел човекот, размислувал, и ја скрил гуската во панталоните.
Го пуштиле во киното, влегол, филмот почнал, но гуската постојано мрдала и не му дозволувала да гледа. Му здосадило и и ја извадил главата преку патентот на панталоните. По неколку минути жената што седела до него се онесвестила.
Ја одвеле на доктор и докторот ја прашал:
– Што се случи?
– Си седам јас во киното, а до мене седи некој маж. Одеднаш тој го извади „алатот“, и јас се онесвестив.
– Е што толку? Нели си видела „алат“ друг пат?
– Секако дека сум видела, ама овој неговиот почна да ми јаде од пуканките.

Виндоус

Разговараат две плавуши и едната ја прашува другата:
– Кој Windows го имаш на компјутерот?
А оваа и одговара:
– Welcome… А ти?
– Еее и јас истиот.

Отказ

Шефот им кажува на вработените глуп виц.
Сите се газат од смеење, само еден од вработените си молчи.
– Ти зошто не се смееш?!
– Јас ќе напуштам…

Грепки

Седи еден Влав и плаче. Некој човек го прашува:
– Зошто плачеш?
– Си купив две грепки на лотарија и освоив автомобил.
– Тогаш зошто плачеш?
– Зошто купив две грепки, зоштооооооо?!?!

Викање

Трпе од балкон им се дере на децата доле што играат пред зграда:
– Ако не престанете да викате ќе ви ебам мамето на сите по ред.
Од друг балкон се јавува женски глас:
– Тој плавиот со витканата коса е мој. Тој најмногу вика…

Три деца

Разлика помеѓу прво, второ и трето дете:
Прво дете – го пазиш и внимателно го следиш секој негов чекор.
Второ дете – ретко го гледаш, гледаш само да не јаде од чинијата на мачката.
Трето дете – ако детето јадело од чинијата на мачката, тогаш тоа си е проблем на мачката.

Бричење

Оди влав на бербер.
– Мајсторе колку чини шишање?
– 200 денари.
– А бричење?
– 100 денари.
– Ај тогаш избричи ми ја главата.

Пијано

Прилепчанец-полицаец застанува скопјани и им вели:
– Имате пијано?
А тие му одговараат:
– Не, немаме пијано, само една стара гитара у гепек.

Државен службеник

Државен службеник се враќа дома и го дочекува бесната сопруга.
– Па добро, каде си до сега?!
– Извини, драга, не го слушнав будилникот.

Близначиња

Циганче: Дај 5 денара, Господ две близначиња да ти даде.
– Не сакам близначиња..
Циганчето: Епа добро едно близначе..

XXL

Цветко оди до трафика и вика:
– Дајте ми еден XXL!
– Кондом?
– Чул те Господ, дај ми чипс бре!