Дома / Вицови / Плавуши / Кујнски дневник

Кујнски дневник

Понеделник
Се преселивме во новата куќа, многу ми е забавно да му готвам на мојот Перо. Денеска му направив многу убав колач по рецептата: “Одвоено мешајте 12 јајца”. Но иако немав доволно садови за мешање морав да позајмам од соседството за да ги изматам сите јајца одвоено. НО на крај сето тоа ми се исплати бидејќи колачот испадна супер.

Вторник
Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептата пишеше: “Послужете без ништо”. Така и направив. Се соблеков скроз гола. Но Перо донесе еден пријател на вечера. Никогаш не сум видела почудни лица кога им ја носев салатата.

Среда
Одлучив овој ден да му спремам печурки. Во рецептата пишуваше вака: “Потребно е прво добро миење, а потоа да ги ставите во зоврена вода”. Така и направив се измив убаво и потоа ги ставив печурките.

Четврток
Перо денеска ми донесе кокошка и ме замоли да ја средам за вечера. Не бев сигурна како да ја облечам незнаев како се облекува. Но најдов преубаво фустанче и ја средив. Изгледаше преубаво, но кога ја виде Перо, излезе одма од кујната и броеше до дест. Многу ми беше чуден, можеби од работа го имаат изнервирано.

Петок

Перо ме замоли да отидам неколку дена кај мајка ми нагости, многу е срцка. Го сакам многу.

Обиди се со

Ист

Разговараат две плавуши: – Убава ли плата зема маж ти? – Како сите други. – …