Полицаец запира автомобил за проверка.
– Добро вечер! – вели полицаецот.
– Дооообрро вечер – одговара возачот на возилото.
– Вие како да сте пиеле алкохол ми се чини?
– Пиев, пиев… дааа…
– Што пиевте и колку?
– Па денес ја мажев ќерката и пред церемонијата со пријателите испивме по неколку ракии за храброст, потоа во црквата пиевме вино, во ресторанот шампањ и после толку ги измешавме што веќе не се сеќавам. Ама испивме и по неколку литри пиво и пак ракија.
– Вие се зафркавате ли со мене? Не ли гледате дека ве запира полицаец за проверка и за алкохолен тест?
– А вие не ли гледате дека колата ми е од Англија и жена ми е зад воланот!?
Обиди се со
Царина
На царина: – Што имаш во вреќата? – Храна за канаринци. – Дај да видам? …