Дома / Вицови / Политички / Кило мозок

Кило мозок

Некој обичен човек, толку многу изнервиран што не добил унапредување минатата недела, отишол во болница да бара да му пресадат доволно мозок за да стане за 20% поинтелегентен. После 10 саати на интензивни тестови, болницата конечно реши дека човекот е достоен кандидат за трансплантација на мозок, па му дадоа на човекот ценовник со различни видови на мозок:
– Кило мозок од економист – 1000 евра.
– Кило мозок од професор – 5000 евра.
– Кило мозок од доктор на науки – 10.000 евра.
– Кило мозок од политичар – 50.000 евра.
Човекот нормално се изненадил на скапотијата викајќи им на докторите:
– Па добро бре луѓе како можи кило мозок од еден политичар да е 50.000 евра, тоа не го сфаќам?
На што докторите му одговорија:
– А, вие г-не знаете ли колку само политичари треба да заколиме за да собереме кило мозок?

Обиди се со

Автомобил

Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник. – Знаете, јас не можам …