Разговараат двајца другари во време на комунизмот: – Што мислиш има ли живот надвор од Бугарија? – Не знам! Сеуште никој не се вратил да каже.
Повеќе...Националност
Се шета грчкиот премиер Ципрас низ Лерин, па гледа како си играат дечиња и ги прашува: – Што сте по националност деца? Децата во еден глас одговараат. – Македонци! Премиерот: – Па како Македонци кога сте родени во Грција? Едно од децата: – Абе чичко, aко лав се роди во …
Повеќе...Човекојадци
Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели: – Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов! Вториот: – А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади! Третиот: – Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, …
Повеќе...Доказ
Во јавното обвинителство испрашуваат инспектор од УЈП: – Како со платата на обичен инспектор изградивте ваква луксузна вила? – Фатив златна рипка и таа ми исполни една желба. – Како ќе докажете? – Па не ли ја гледате вилата?
Повеќе...Гласање
Бабичка оди на гласање. – Синко, помогни ми, те молам, ги заборавив очилата. – Нема проблем, госпоѓо – вели еден новопечен административец и си ја заокружува својата партија на ливчето. – Може ли да знам за кого гласав, синко? – Не може, госпоѓо. изборите се тајни!
Повеќе...Најплатени возачи
Објавена листата на најплатени возачи во историјата: 1.Михаел Шумахер 2.Луис Хамилтон 3.Силвана Бонева
Повеќе...Тајна
Му прават интевју на некој сточар во планинско село кој имал 100 години: – Кажете ни, која е вашата тајна за долг живот? – Епа прво, работам на планина на чист воздух и тоа ме прави здрав и како второ веќе 100 години јас им кажувам на говедата што да …
Повеќе...Иронија
Што е иронија? -Вечер централниот дневник на Сител да го води Ивона и да и каже на јавноста дека рокот за пријавување на данок истекува на 15 март!
Повеќе...Име
Афричко име на Македонија: – Брегот на Сиромаштијата до Коска
Повеќе...Бањање
Што ќе добиеш ако избањаш Бугарин? – Вистински Македонец и леген со многу валкана вода!
Повеќе...Лижење
Сладолед се лиже од сласт, жена се лиже од страст, а г’з се лиже за власт.
Повеќе...Емиграција
84% од граѓаните би се отселиле од Македонија. *oстанатите 16 % се Пратеници.
Повеќе...Врски
– Добро утро. Вие докторка сте тука? – Не, јас сум сестра. – Еее и тука се напикавте по роднинска врска…
Повеќе...Тито
Тито беше уметник, нешто како Пикасо… Пикасо и од гомна знаеше да направи уметност, а Тито држава…
Повеќе...