Дома / Вицови / Политички (страна 3)

Политички

Статистика

Од Македонскиот државен завод за статистика соопштуваат: – Според податоците кои ги анализиравме, заклучивме дека просечниот Македонец живее два пати подобро! Трпе прашува: – Споредено со која година? – Со следната.

Повеќе...

Интервју

– Господине пратеник, ќе дадете ли интервју за нашиот весник? – Времето ми е пари! – Ве разбирам, од редакцијата ми дадоа 500 евра за оваа задача. Да се договориме, 350 евра за вас а 150 за мене. – Може! А која е темата? – За мито и корупција!

Повеќе...

Избори

Двете прашања што го измачуваат човештвото: 1. Дали постои живот после смртта? 2. Дали постои асфалтирање после избори?

Повеќе...

Телефонски повик

Кралицата Елизабета, Обама и Иванов заедно отишле директно во пеколот. По некое време, Кралицата рекла: – Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму. Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи. – Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек …

Повеќе...

Приказна

– Тато, раскажи ми приказна за добра ноќ! – Слушај, сине. Во едно демократско царство си живееше еден пратеник. Тој беше сиромашен, но чесен. И тој пратеник сакаше да направи нешто добро за луѓето… – Тато, да знаеш дека долго време нема да можам да заспијам, ако ме тераш да …

Повеќе...

Пушење

Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере: – Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!! – А кој работи?

Повеќе...

Институт

Разговараат двајца вмровци: – Каде работиш, пријателе? – Во Институт за заразни и паразитни болести. – Како зараза или како паразит?

Повеќе...

Голем број

Дошол вмровец на контрапротест на ГДОМ, а на нозете имал чевли број 55. Кога го прашале од штабот зошто дошол во толку големи чевли, тој им рекол: – Па нели рековте да дојдеме во што поголем број?

Повеќе...