По секој лет на пилотите на авиопревозникот “Квантас” им оставаат белешки на механичарите со опис на проблемите, а пред следниот лет механичарите оставаат одговор што направиле. “Квантас” е единствената авиокомпанија на која никогаш не и се урнал авион.
Барање: Левата гума речиси треба да се смени.
Извештај: Левата гума е речиси сменета.
Барање: Нешто се откачило во кабината.
Извештај: Нешто закачивме во кабината.
Барање: Автопилотот самиот ја губи висината за по 200 стапки во минута.
Извештај: Не успеавме да го повториме истиот проблем наземи.
Барање: Траги на капење на гориво на левиот дел од трупот на авионот.
Извештај: Трагите забришани.
Барање: Звукот од ДМЕ-инструментот е гласен просто да не поверуваш.
Извештај: Звукот од ДМЕ-инструментот е подесен на ниво на кое ќе можеш да поверуваш.
Барање: ИФФ-инструментот е неоперативен.
Извештај: ИФФ-инструментот секогаш е неоперативен кога е исклучен.
Барање: Се сомневаме дека има пукнатина во стаклото на ретровизорот.
Извештај: Се сомневаме дека сте во право.
Барање: Го нема моторот број 3.
Извештај: Со визуелен преглед на леталото пронајден е мотор на левото крило.
Барање: Авионот смешно реагира на зададените команди.
Извештај: Авионот предупреден да биде сериозен.
Барање: Чуден звук се слуша зад таблата со инструментите, како некое џуџе да удира со чекан.
Извештај: На џуџето да му се одземе чеканот.