Диета

Дебел човек отишол на доктор да побара помош и овој му препорачал строга диета. И држ така човекот диета со денови, му се јаде, му се плаче. А знае дека не смее да јаде како порано. Успеал некако да истурка неколку дена, кога едно попладне почувствувал силна потреба за голема нужда. Во близина немало тоалет, погледнал лево-десно и немал каде, па се пикнал зад една грмушка. Ги турнал панталоните и клекнал. Едно време слуша: ждрак, ждрак, ждрак! Кога ја врти назад главата, што ќе види – неговиот задник пасе трева.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …