Гуска

Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска и си тргнал накај дома. На враќање поминал низ центарот на градот и гледа – кино. Решил да види што е тоа, но на вратата не го пуштиле да влезе со гуската. Мислел човекот, размислувал, и ја скрил гуската во панталоните.
Го пуштиле во киното, влегол, филмот почнал, но гуската постојано мрдала и не му дозволувала да гледа. Му здосадило и и ја извадил главата преку патентот на панталоните. По неколку минути жената што седела до него се онесвестила.
Ја одвеле на доктор и докторот ја прашал:
– Што се случи?
– Си седам јас во киното, а до мене седи некој маж. Одеднаш тој го извади „алатот“, и јас се онесвестив.
– Е што толку? Нели си видела „алат“ друг пат?
– Секако дека сум видела, ама овој неговиот почна да ми јаде од пуканките.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …