Дома / Вицови / Разно / Сем и Енох

Сем и Енох

Сем работел во една компјутерска компанија 25 години и на крај решил дека му е здосадено од сето тоа, дал отказ на работа и купил земја на село. Единствените луѓе кои ги гледал биле оние кои ги среќавал кога одел еднаш месечно да купува продукти.
По 6 месеци еден селанец дошол кај него и му рекол:
– Се викам Енох. Јас сум ти комшија. Во недела ќе правам забава, па мислев дека ќе сакаш да дојдеш.
– Одлично – му рекол Сем.
– По 6 месеци изолација би сакал да се дружам. Благодарам на поканата.
– Ама, ќе има и многу пиење.
– Супер – рекол Сем.
– Одамна не сум пиел.
-Ама, ќе има и тепачки.
"Цврсти луѓе се овие" – помислил Сем и рекол:
– Нема проблем, ќе се снајдам и со тоа.
– И, да не заборавам, ќе има и многу секс.
– Супер, по 6 осамени месеци тоа многу добро ќе ми дојде. А, што да облечам?
– Што сакаш. И онака на забавата ќе бидеме само ние двајца.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …