Дома / Вицови / Разно / Зошто пилето ја преминало улицата?

Зошто пилето ја преминало улицата?

Учителката во основно училиште: За да би дошло на другата страна од улицата.

Наставникот по ОТО: За да би било учесник во сообраќајот.
Платон: За општо добро
Аристотел: Природно е пилињата да ја преминуваат улицата.


Карл Маркс: Тоа е историска неминовност.

Слободан Милошевиќ : На тој со ништо предизвикан акт на агресија мора да одговориме со сите расположиви сили и средства.

Капетан Џејмс Кирк (Ѕвездени патеки): За храбро да отиде таму каде што ниедно пиле нема појдено досега.

Макијавели: Поентата е во тоа што пилето ја помина улицата. Не е важно зошто. Самиот факт дека пилето ја поминало улицата го оправдува мотивот, каков сака тој да бил.

Фројд: Фактот што воопшто се прашувате зошто пилето ја поминало улицата ја открива вашата внатрешна несигурност.

Бил Гејтс: Microsoft само што не ја пушти во промет новата верзија на ПИЛЕ2000 која не само што преоѓа улици туку и снесува јајца.

Дарвин: После подолг временски период, природната селекција мораше да делува на пилињата, така да сега тие се генетски прилагодени да ја преминуваат улицата.

Ајнштајн: Дали пилето ја премина улицата или улицата се помрдна под нозете на пилето, зависи од системот од кој го посматрате тој настан.

Буда: Со поставувањето на тоа прашање ја негиравте целата природа на пилето.

Ернест Хемингвеј: За да би умрело на дожд.

Бил Клинтон: Се извинувам на нацијата и на моето семејство за тој настан, и ветувам дека ова нема никогаш повторно да се случи.

Мартин Лутер кинг: Го гледам светот каде сите пилиња ќе можат слободно да ја преминуваат улицата, без да имаат потреба на никого да ги објаснуваат своите мотиви.

Бранко Црвенковски : Во наше време ниедно пиле не помина улица. Фактот дека пилето ја преминало улицата е доказ дека треба да се оди на предвремени избори.

Никола Кљусев: Немојте да ги слушате медиумите што зборуваат! Гласините дека пилето ја поминало улицата се измислени да би предизвикале страв и паника меѓу луѓето.

Тито Петковски: Прашање е до кога оваа влада ќе толерира пилињата да ни шетаат по улиците !

Љубчо Георгиевски: Самиот чин на поминување на улицата е доказ за реформите во Македонија.

В.Тупурковски: Пилето тргна за да и тргне на Македонија

Стојан Андов: Кога тревата ќе зазелени и пролетното цвеќе опојно ќе замириса, пилињата излегуваат да ја преминат улицата.

Латас: Јас сега се прашувам, дали за 5 години ќе имаме ние каде да ја преминеме улицата?

Никола Груевски: Пилето не ја п'емина улицата, тоа е чиста халуцинација.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …