По секој лет на пилотите на авиопревозникот "Квантаз" им оставаат белешки на механичарите со опис на проблемите,а пред следниот лет механичарите оставаат одговор што направиле.
Барање: Левата гума речиси треба да се смени.
Извештај: Левата гума речиси е сменета.
Барање: Нешто се откачило во кабината.
Извештај: Нешто закачивме во кабината.
Барање: Траги на капење на горивото на левиот дел од трупот на авионот.
Извештај: Трагите забришани.
Барање: Звукот од ДМЕ-инструментот е гласен просто да не поверуваш.
Извештај: Звукот од ДМЕ е подесен на ниво на кое ќе поверуваш.
Барање: Се сомневаме дека има пукнатина во стаклото на ретровизорот.
Извештај: Се сомневаме дека сте во право.
Барање: Го нема моторот број 3.
Извештај: Со визуелен преглед на леталото пронајден е мотор на левото крило.
Барање: Авионот смешно реагира на дадените команди.
Извештај: Авионот предупреден да биде сериозен.
Барање: Чуден звук се слуша зад таблата со инструментите,како некое џуџе да удира со џекан.
Извештај: На џуџето да му се одземе чеканот.