Една чета партизани зазела една висорамнина. И ете ти наредба висорамнината да се сочува по секоја цена. Ама Германците навалиле, ја опколиле од сите страни, а муниција и храна полека снемува и нема шанси да се издржи таму. Капетанот одлучил четата да изврши пробив низ тесно грло што германците се уште не го зазеле, да дојде до муниција и храна, па некако да се врати назад и да ја држи и понатаму висорамнината под своја контрола. Но некој морал да остане на сегашниве позиции.
– Рамче! -викнал капетанот по единствениот Ром во четата.
– Изволи, гос`н капетан! -јас со четата одам по муниција и храна, а твоја задача е да ја сочуваш висорамнината како знаеш и умееш. Еве ти шлем и три бомби, нема повеќе, па гледај што знаеш прави.
– Леле, капетане, како можам јас….
– Тишина! Тоа е се што останаш еве три бомби, еве ти шлем…
– Ај` па јас гос`н капетан, ако е веќе така, подобро остави ми една бомба и три шлема!
– Абе ти да не си полудел?! Што ти паѓа на памет!!
– Или така или никако!
– Па добро, будало една, еве ти, па сам снаоѓај се.
И тргнала четата во пробивање низ коридорот, низ германскиот оган…
Три дена подоцна, се враќа остатокот од четата на висорамнината кога има што да види: на една страна купишта оружје, нафрлани на земја. Покрај него, едно ридче германски униформи, на другата страна германски војници се тресат од студ, боси, по гаќи, на средината седи Рамче, пред него три шлема и вика:
– Ајмо, браќа германци, последен пат: Под кој шлем е бомбата?