Дома / Вицови / Разно / Исповед

Исповед

На Трпана и доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар.
Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот.
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Швалерот веднаш прашува: Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, таткото му вика на синот:
– Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: илјада евра? па тоа е одвратно, така да ги дереш своите пријател! Тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат, одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …