Лејка

Си бил еден поп и пошол во планина да крсти некое дете. Си го јавнал коњот и рано во зори си пошол. Кога го огреало сонце застанал кај некои куќи да се напие вода. Почнал да вика:
– Домаќинеее, домаќине!!!  Од таму излегло некое девојче и рекло; Кажи дедо попе што сакаш нема никој дома јас сум сама останатите се во поле.
– Јас сум жеден ако може да ми дадеш една чаша вода, рекол попот. Може зошто да не, а ако сакаш можам и да ти дадам една лејка расолница. многу е убава и вкусна, рекло девојчето. Не е битно што ке ми дадеш  само да се освежам, рекол попот. Девојчето му донело, попот се освежил и се заблагодарил и грижливо го прашал девојчето:
– А да не те кара некој што ми даде расолница, рекол попот. Аааа не и така беше за расипување скоро се удави еден глушец, сигурно нема да ме кара никој. Попот налутен ја фрлил лејката и ја скршил, девојчето кога ја видела лејката почнало толку силно да плаче што попот неможел да го смири. Откако ја смирил ја прашал зошто толку многу плачела а таа кутрата плачела за лејката што ја скршил попот. Е добро де за една лејка толку многу да плачеш!? Рекол попот. Девојчето расплакано и налутено му рекло: Сега баба ке ме убие oна секое сабајле си мочаше во а неа сега ќе нема во што да си моча.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …