Дома / Вицови / Разно (страна 71)

Разно

Стоп

Млада жена учи да вози кола и возела многу расеано и не застанала на знакот Стоп. Тогаш инструкторот и кажал:– Жено, дали вашиот маж ви кажал дека имате многу убави зелени очи?– Ми кажал, зошто? – Збунето одговорила жената.– Па зошто не ги користите.

Повеќе...

Психијатар

Оди некој човек на психијатар:– Докторе, жена ми мисли дека она е јас.– Добро, тогаш донесете ја вашата жена.– Тука сум докторе.

Повеќе...

Градска плажа

Во Скопје се отвори Градска плажа. Лежалките се бесплатни. За Охриѓани 500 денари. А има и наградна игра: “Кој прв ќе го види шпоретот во Вардар”!

Повеќе...

Банка

Некоја банка ја ограбуваат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:– Како изгледаше човекот?– Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

Повеќе...

Број

Дечкото: Сакам да ти се јавам, кој ти е бројот?Девојката: Го имаш во именикот.Дечкото: Да, ама како се викаш?Девојката: И тоа го имаш во именикот.

Повеќе...

Големина

Тројца другари се фалат кој има најголем орган. Првиот вика 21,5 см, вториот вика 21,6 см и третиот вика 37,5см.– Aман бе друже со шо го мериш?– Со топломер бе момци.

Повеќе...

Шкоти

Шкотланѓанин го прака синот за прв пат сам да си купи чевли,му дава 5 фунти и му вели:– Синко колку и да ти рече продавачот дека коштаат ти симни му ја цената на половина. Момчето ги земало парите и отишло во продавницата за чевли. Бендисало едни чевли ги пробал и …

Повеќе...

Поет

Девојка му вели на дечкото:– Многу му се допадна на татко ми кога дозна дека си поет…– Супер. Значи, твојот татко сака поезија?– Ма не! Но мојот последен дечко што татко ми се обиде да го исфрли од мојата соба беше боксер!

Повеќе...

Брак

Мажот се прибира дома и нaсекирано и вели на жената: – Имам сериозен проблем на работа… – Драги, сега сме во брак. Никогаш не вели “јас имам проблем”, речи “ние имаме проблем”. – Добро. Ние имаме проблем на работа. Нашата секретарка ќе има дете од нас.

Повеќе...