„Ербас 380“ на лет преку Атлантикот. Лета со 800 километри на час, на 30.000 стапки, кога одеднаш се појавува „јурофајтер“ со „темпо Мах 2“.
Пилотот на „јурофајтер“ намалува и почнува да лета покрај „ербасот“, па го поздравува пилотот преку радио.
– „Ербас“, летот е досаден, нели? Чувај се и фрли еден поглед тука – вели пилотот и забрзува со „јурофајтер“, прави егзибиции, го врти на грб, ја пробива звучната бариера, се издигнува забрзано до големи височини, за веднаш да слезе речиси до морето. Повторно го бара пилотот на „ербас“ и го прашува:
– Како ти се чинеше ова?
Пилотот на „боинг“ му одговара:
– Доста импресивно, но сега ти погледни!
Пилотот на џет-авионот го гледа „ербасот“, но ништо не се случува, туку продолжи да лета право со истата брзина. По пет минути пилотот на „ербасот“ му вели на другиот пилот:
– Што ќе кажеш за ова?
Збунет, пилотот на џет-авионот го прашува:
– Што направи?
Другиот пилот се смее и му вели:
– Станав, си ги истегнав нозете, отидов во бањата, се напив кафе, каснав торта од цимет и закажав состанок со стјуардесата за наредните три вечери во хотел со 5 ѕвезди, платен од мојот работодавец.
Поуката на приказната:
Кога сте млади, брзината и адреналинот се чинат одлични. Но, како што стареете и станувате помудри, удобноста и мирот не се на одмет.
Обиди се со
Музика
Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …