Си бил некој милионер, кој од хоби собирал живи алигатори и ги чувал дома во базен. Исто така имал прекрасна ќерка која не била мажена. Еден ден решил да направи журка и ги поканил сите луѓе што ги знаел и што не ги знаел. На сред забава ја прекинал музиката и соопштил:
– Драги гости. Имам предлог за сите мажи овде. Ќе дадам милион долари или раката на мојата ќерка за оној кој ќе го преплива базенов полн со алигатори и жив ќе излезе од другата страна…
Уште не завршен со соопштението милионерот слушнал "пљас" се свртел и видел човек како панично брзо плива од едната кон другата страна од базенот. Откако излегол надвор неповреден, милионерот му се обратил:
– Браво бе дечко. Мислев нема никој да се нафати и жив да излезе, ама ти беше фантастичен. Јас морам да си го одржам зборот, па затоа кажи ми што сакаш, милион долари или мојата ќерка.
– Слушај човек. Не ги сакам ни твоите пари, нити ќерката. Туку која будала ме бутна у базенот.
Обиди се со
Музика
Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …